Во пресрет на 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во четврток, 19 февруари во 12 часот, во соработка со Клубот на млади при ОО Црвен крст – Виница, во ЈОУ Библиотека „Искра“од Кочани, ќе се одржи промоција на двојазичната книга за деца на македонски и турски јазик ,,Басни за деца”.
Книгата на интерактивен начин ќе биде претставена пред ученици од ООУ ,,Раде Кратовче” – Кочани, како и пред ученици од други училишта во градот.
Двојазичната книга на македонскиитурски јазик „Басни за деца“ е дел од интеркултурниот проект ,,Светулка” на ЦКА -ПХВ ОО Црвен крст Виница.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









