По петти пат, капење во Плетвар по повод Водици (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

И годинава, по петти пат ќе се одржи традиционалното капење по повод Водици во езерото во  с. Плетвар.  Досега за ова одбележување на празникот Богојавление (Водици) се пријавиле над 80 учесници, а сите што имаат желба да се пријават, можат тоа да го сторат најдоцна до петок, 17 јануари на телефонскиот број 078/520-792. Освен граѓаните од Прилеп, се пријавуваат и луѓе од Битола и од Скопје,  а од година во година, расте бројот на пријавени.

На овој начин, храбрите верници во духот на православието и христијанството ќе го одбележат еден од поголемите празници Богојавление (Водици).  Доколку како и минатата година, водата во езерото биде замрзната, ќе биде издлабен крст во водата во која најхрабрите ќе скокнат светиот крст.

Со оглед на специфичните услови, органзиаторите ги известиле Министерството за внатрешни работи како и тим на Итната медицинска помош, со цел поголема безбедност на случувањето.

Минатата година најмладиот учесник имал 5 години, а годинава веќе се пријавени десетина дечиња кои во светите води ќе влезат со помош на нивните родители, заради безбедност.

Дарко Неданоски, професионалниот нуркач, спелеолог и алпинист, кој е дел од организацијата на традиционалната манифестација на капење на Плетварското езеро, по повод Водици, во изјавата за медиумите, истакна дека ова е единствена манифестација од ваков тип во Македонија и се надева дво иднина  ќе се популаризира уште повеќе.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На првата седница од новата година опозицијата ја напушти Седницата на Советот на Општина Прилеп

Денеска на првата Седница на Советот на Општина Прилеп, во новата 2025 година, на кои треабше да се разгледаат и усвојат финансиските извештаи за 2025 година на јавните комунални претпријатија  и финансиските извештаи на образовните институции, опозицијата на стартот  ја напушти седницата, со образложение дека не сака да присуствува, бидјеќи...

„Слободно театарче“ е дружба, љубов и ентузијазам (ВИДЕО)

Минатата 2024 година, драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, постави и изведе три претстави, а во соработка со Радио Пела, беа дел  од проектот против трговија со луѓе и испратија силни пораки преку театарската претстава „Маѓепсан круг“ која освен во Прилеп, беше изведена и во Крушево,...

Започнува пријавувањето за фаќање на Крстот за Водици

Прилепчани се подготвуваат за Водици По повод христијанскиот празник Богојавление (Водици), чинот на Големиот Богојавленски водосвет и фрлањето на светиот Крст во Прилеп  ќе се изврши во водите на базенот при хотелот Салида (Аквапарк), на 19 јануари (недела)  во 12:00 часот. Општина Прилеп е дел од организацијата на овој настан...