По откажаниот настан во Кочани реномираниот Македонски бенд „СуперХикс“ излезе со објава која Радио Кочани ја пренесува во целост…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Настапот на Superhiks вечерва во Кочани нема да се случи.
Сите настани се откажани и ќе се случат можеби во некое подобро време. Кое и да и е кога е тоа “подобро” време е мноогу дискутабилно и не секој гледа исто на работите.
Јас имам свој став и ќе го кажам…
Го прифативме повикот и поканата на Venko Krstevski , градоначалникот на Кочани (барем овој период) кој имаше искрена идеја,чиста желба и најдобра намера да се обиде за момент барем да врати некаква светлина во градот кој доживеа ужасна трагедија пред неколку месеци. А идеја беше тоа да се направи преку некаков серијал на културни настани.
Прифативме без двоумење и секако без никаков надомест (дури и дел од бендот прекина годишни одмори, батали други обврски, откажа други настани само да се отсвири овој настан).
Вчера, по реакција и протест на родителите на загинатите, настанот е откажан.
Се обидувам да ја (иако никој кој не доживеал нема да ја сфати) и ја разбирам болката на родителите и блиските и нивните семејства и оваа реакција. Иако истата не е насочена кон ОНИЕ кои се директно виновни за трагедијата во Кочани (институции, систем, 30 години владеачки гарнитури, УЈП, Инспекции и инспектори, Полиција, Правосудство, Локални Власти итн итн…) и музичарите, изведувачите,други уметници и луѓе од музичката индустрија се најмалку виновни за случките.
Некои велат “рано е за било какви настани, треба време!”
Мој апсолутен став и мислење е дека не е така!
Кога е идеалното време по ваква трагедија за градот да врати барем малку ЖИВОТ во себе? Постои ли “идеално време” за враќање во живот по ваква невидена трагедија?
Колу е тоа? 6 месеци? Година? 3? 5?
Јас не се согласувам со ваквите размисли. На моја кожа имам почувствувано загуба на близок и единствено нешто кое ме извадило од состојбата на длабока тага и очај била МУЗИКАТА! И секако социјалниот живот и споделување на болката.
Да, не секој се рехабилитира на истиот начин. Некои тоа го прават во длабока тага, со молк, со плач, со жалење со години.
Но изборот нека е на секој поединечно инаку ќе се удавиме во “режим за тага” а Кочани за година, две , три ќе остане “град на духови”! Без млади луѓе и без никаква перспектива и живот.
Не знам еве..Не видов некаква “државна/владина стратегија и план за рехабилитација на Кочани и на семејствата на загинатите и повредените” до сега.
Видовте ли некаде такво нешто? Јас, не!
Искрено сметам дека на долг рок и на овој начин Кочани ќе остане само на себе..напуштено, заборавено, без население.
Ова е мој став и апсолутно стојам зад секој напишан збор.
Сметам дека само со вистинска “рехабилитација” преку култура, настани, некакви економски подбутнувања и враќање на животот ЧАС ПОСКОРО, Кочани ќе биде спасено.
Во спротивно одиме кон комлетен колапс и на овој град (а и на државава богами)
Денес е Петровден. Мој именден и голем ден.
На овој ден да размислиме добро каде се движиме и како луѓе и како општество и какво добро можеме да направиме за да живееме во понормална средина која одамна тоа не е.
Ние (јас) како бенд. толку можеме и знаеме.
Честит Петровден и вечно име на сите кои го слават!
Љубов, мир, просперитет, разбирање за сите!
Да живее Вардар и Македонија!
П.С. некаде прочитав и дека Градоначалникот влегол со овој обид за настаните,во “кампања”.
Секоја чест што од владејачко/опозициските успеси не можете подалеку од носот да забележите кога некој нешто искрено и без “провизија” сака да направи за своите сограѓани.
Алал вера! Па уште и навреди, клевети, квалификации
Алал вера. Еве и аплауз
П.П.С еве и еден аплауз за сите од дијаспората кои јас ги нарекувам “Фастфуд патриоти” кои од дистанца ги решаваат локалниве проблеми и национални прашања.
За долар – СПРЕМНИ!
Еве и за вас еден аплауз

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците