По десет години пауза убавата ромка од Македонија ке ја претставува нашата земја на изборот на Мис во светот…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

„Ќе го презентирам културното богатство на Македонија пред светот“, вели 20-годишната студентка Чарна Невзати, која ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот на 31 мај во Хајдерабад, Индија. Невзати во моментов е во Индија и вели дека има интензивни подготовки за финалето.

 

 

Мис на Македонија со Мис на Холандија (Фото: Инстаграм)

„Моментално сум во Индија, во Теленгана-Хајдерабад и сум во интензивен процес на подготовки. Тоа вклучува физичка кондиција, учество во хуманитарни активности, вежбање говори и претставување и изучување на културното богатство на Македонија кое ќе го презентирам тука. Подготовките ги правам со целосна посветеност и љубов кон предизвикот. Посетивме неколку прекрасни локации, како што се Чарминар со симболичните четири столба, што најмногу ќе го паметам по сличноста со моето име Чарна, базарот каде што локалните луѓе беа неверојатно гостопримливи и ни подарија многу нешта, преубавиот храм Рампа и Рамоџи, еден од најголемите филмски комплекси во светот. Но, најмногу во срцето ќе ми остане посетата на полицијата на Телангана, бидејќи тие секојдневно се грижат за нашата безбедност и благодарна сум за нивните посветеност и грижа“, ни напиша Мис на Македонија од Индија.

Невзати има 20 години и е студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Двоен победник е на ораторскиот натпревар ,,Иво Пухан”, кој се одржува со години на Правниот факултет.

Чарна Невзати е студентка на Правниот факултет во Скопје (Фото: Инстаграм)

„Моја најголема цел е да станам успешен правник кој ќе се бори за правда и ќе направи позитивна промена во општеството. Верувам дека убавината и интелектот не се спротивставени, туку совршена комбинација кога се користат со вистинска намера“, ни рече студентката и модел.

За Мис на Македонија таа беше избрана по пат на кастинг. Сопственикот на лиценцата за изборот за Мис на Македонија за Мис на светот е Шаќир Села, кој е и сопственик на модната агенција „Даман” од Истанбул.

„Иако немам претходно учествувано на избори за убавина, мојот ангажман како модел, академскиот и јавен настап како говорник и желбата да бидам амбасадор на нашата земја беа клучни фактори за оваа покана, од која сум почестена“, вели Невзати.

Таа е модел во агенцјата „Макс моделс“ и иако како што вели, релативно е нова во индустријата, а модата отсекогаш ја фасцинирала како начин на изразување и платформа за пренесување пораки. Манекенството ѝ помогнало да стекне самодоверба и дисциплина, што сега ги користи и на сцената на Мис на светот.

Фото: Инстаграм

Чарна вели дека некои од кандидатките за Мис никогаш не слушнале за Македонија.

„Некои првпат слушаат за Македонија, што го прави моето учество уште поважно. Им раскажувам за нашите богата историја, природни убавина, традиции и гостопримливост. Секогаш се радувам кога некоја кандидатка ќе покаже интерес да дознае повеќе, затоа што преку мене Македонија станува видлива на светската мапа“, вели Невзати и го коментира финансискиот дел на нејзиното патување во Индија.

„Учеството на вакво ниво навистина бара големи ресурси и организација. Благодарна сум за поддршката што ја добив од целата организација на Мис на Македонија на чело со Шакир Села и ‘Макс моделс’ и секако, на добрите луѓе кои веруваат во мене и во мојата мисија. Секој гест на поддршка ми е дополнителна мотивација да ја претставам Македонија достојно“, ни рече Невзати.

Вели дека нејзината цел на Мис на светот не е само титулата.

„Сакам да оставам впечаток, да инспирирам и да изградиме врски што ќе траат. Секако, ќе дадам сè од себе, но најважно ми е со чисто срце и достоинство да ја претставам мојата земја на Мис на светот. Сè што ќе дојде над тоа, ќе ми биде чест“.

Ова ќе биде 72. Избор на Мис на светот. Лани победи Кристина Пишкова од Чешка. За круната ќе се борат 108 девојки од целиот свет.

Чарна Невзати со Мис на Шведска (Фото: Инстаграм)

Македонија немала претставничка на најстариот светски избор за убавина од 2015. Пред Чарна Невзати, Мис на Македонија беше Емилија Розман, некогашна манекенка и водителка, а денес дипломиран дефектолог и волонтер во Црвениот крст. Првата Мис на Македонија за Мис на светот беше Вера Мештеровиќ во 1996, која сега е водителка и модел.

Последната македонска претставничка на изборот „Мис на светот“ беше Емилија Розман, која ја претставуваше Северна Македонија на 65. издание на изборот во Санија, Кина, на 19 декември 2015 година. По тој период, Македонија не учествуваше на овој престижен настан до 2025 година.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Купувај и поддржи: Иницијатива на маркет „Кај Тоше“ за „Макпрогрес“

  Компанијата „Макпрогрес“ од Виница, еден од столбовите на македонската кондиторска индустрија, се соочува со сериозен предизвик по неодамнешниот пожар кој предизвика значителна материјална штета. Во овие тешки моменти, јавноста изразува искрена поддршка и солидарност со вработените и менаџментот на компанијата. Во знак на поддршка, Маркет „Кај Тоше“ најавува иницијатива за формирање на посебен продажен

46-годишник од кочански Долни Подлог со оружје му се заканувал на свој соселанец, полицијата го уапсила

Уапсен 46-годишниот Р.Т. од кочанско кои со огненно оружје му се заканувал на 76-годишниот соселанец Ј.К. „На 07.09.2025 во 23:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Р.Т.(46) од с.Долни Полог, кочанско, по претходна пријава од Ј.К.(76) од с.Долни Полог, дека околу 19:00 часот во истото село, Р.Т. со огнено оружје му се

Започнат увид по пожарот во „Макпрогрес – Винчини“ во Виница

  Основното јавно обвинителство од Кочани денеска отвори увид во големиот пожар што ја зафати фабриката „Макпрогрес – Винчини“ во Виница. Од институцијата најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредните денови, бидејќи во дел од магацините со суровини и готова продукција сè уште има тлеачки жаришта.   За превентивна заштита, во непосредна близина на