„Патот на Илинденците“ во Кочани во чест на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Центарот на Кочани денес доби поинаква атмосфера со дефилето на коњаници од Битола, организирано во рамки на традиционалната манифестација „Патот на Илинденците“.

Настанот, зад кој стои Здружението за развој на рурален туризам „Битолска коњаница Галоп“, оваа година доби и посебна симболика.

 

Во пресрет на одбележувањето на Илинден, дефилето беше посветено на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој неодамна ја потресе целкупната јавност.

 

Во 9 часот, коњаниците тргнаа од паркингот кај ресторанот „Але-Дар“, продолжувајќи по улицата „Димитар Влахов“ до кружниот тек во населбата Стришани. Од таму, колоната се движеше кон  улицата „Маршал Тито“, за да пристигне пред зградата на Општина Кочани, каде беше направена кратка пауза и со едно минутно молчење им беше оддадена почит на прерано починатите млади сограѓани.

 

Потоа, учесниците се упатија по „Кеј на Револуцијата“ до Полициската станица, а патувањето заврши на Градските гробишта, каде, исто така, беше оддадена почит на загинатите.

 

Околу десетина коњаници облечени во традиционална комитска облека го предводеа дефилето, а настанот траеше приближно еден и пол час, по што коњаниците се вратија на почетната локација.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, заврши „Маршот на ангелите“ во Скопје

„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Овој моќен повик го означи „Маршот за ангелите“ во Скопје – протестен марш во спомен на 63-те млади луѓе кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март оваа година.   Во организација на граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март

„ДИБ“ – Нова автоперална во Кочани различна од сите !!!

Нов систем и принцип на перење на вашите возила! Користиме специјална розе пена со мирис на вишна, исперете без четка. Вашата боја е керамички заштитена , а вашиот автомобил со уникатна хемија од увоз, излегува нов, како од фабрика! За редовни муштерии, гратис арома за кола! Секогаш добивате повеќе, а плаќате стандард! Авто перална „ДИБ“

Изгубено е куче од расата пекинезер, одговара на името Хуго. За чесниот наоѓач следува награда!

Изгубено е куче од расата пекинезер во областа Белско Маало, одговара на името Хуго. Чесниот наоѓач може да се обрати на телефон 072/213 – 081. Следува награда!