Пантелеон ГС донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жителите на Кочани и целата земја се уште ја живеат колективната траума од трагедијата која се случи во март годинава. Помош и поддршка беше потребна тогаш, но и денес, а ќе биде потребна и во иднина.

Токму затоа компанијата Пантелеон ГС одлучи да донира 200 илјади евра за поддршка на семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.

Како компанија која веќе 5 години успешно работи на пазарот и вработува во најголем дел млади луѓе, сметаме дека хуманоста е доблест, и нешто што треба да се негува. Иако работиме за компании на конкурентниот американски пазар, ние сме дел од оваа локална заедница, и секогаш тежнееме да понудиме поддршка на оние кои се засегнати и им е потребна помош. Вработените во нашата компанија најискрено сочувствуваат со семејствата на загинатите и повредените“ вели Административниот Директор Влатко Палчевски.

За да се обезбеди оваа значајна сума на средства компанијата оваа година ќе се откаже од сите корпоративни настани и сите планирани средства ќе бидат пренасочени кон Фондацијата на Македонската банкарска асоцијација „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, основана со цел помош и поддршка во рехабилитацијата на повредените во пожарот, поддршка на менталното здравје на настраданите и нивните семејства, како и нивна реинтеграција во општеството.

Пантелеон ГС е прва компанија која не е член на МБА, а донира средства во фондацијата „ЗАЕДНО ЗА ЕДНО“, преку која верува дека средствата навистина ќе стигнат до тие на кои им се потребни. Истовремено, дел од вработените во компанијата директно ќе се вклучат во активностите и реализацијата на проектите на Фондацијата со цел остварување на плановите.

Компанијата Пантелеон ГС и изминативе години беше активна во локалната заедница давајќи поддршка на различни општествено корисни проекти.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започна „Ин Виница веритас“, објавени имињата на авторите на најдобрите три карикатури

Вечерва во Виница  во Сината сала на Општината започна овогодишното издание на фестивалот „Ин Виница веритас“. Овој настан од културата посветен на хуморот и сатирата  за отворен го прогласи министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Тој пред гостите рече дека во овој фестивал се вложени  многу љубов и посветеност истиот да прерасне во еден

Игри без граници со вклучување на деца со попреченост

Денеска во Основното училиште „Никола Карев“ се одржаа „Игри без граници со вклучување на деца со попреченост“, активност која е дел од проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“, финансиран од страна на Бугарската развојна помош. Целта на овој настан беше преку спортски игри во кои учествуваат деца со попреченост од Кочани и соседните

Љутков: Виничкото Кале ќе добие целосна конзервација на објектите, предвидени се и современи археолошки истражувања

По цели седум години институционално запоставување, денес конечно се враќаме со конкретни инвестиции и проекти од областа на културата, овде, во Виница, општина која подолго време беше оставена надвор од стратешките културни политики, изјави денеска од Винчкот Кале, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. За  2026 година, што се однесува до Виница, тој најави