ПАНАЃУР🍇🌶️ИЗБЕРИ ЗДРАВО, ЖИВЕЈ СИЛНО🫐🍎(ГАЛЕРИЈА)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во училишниот двор на ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ Прилеп денеска  одржа „Есенски панаѓур“ за здрава храна, на кој учествуваа 800 ученици од сите одделенија, од 1 до 9 одделение. Настанот беше организиран со цел да се подигне свеста кај учениците за значењето на здравата исхрана и придобивките од консумирање на природни и хранливи намирници. Сите одделенија беа активно вклучени во организирањето и претставувањето на различни штандови.  Учениците заедно со своите родители подготвија разновидни видови на здрава храна, како овошје, зеленчук, житни продукти, јаткасти плодови и домашни производи, како природни џемови и печива од интегрално брашно.

„Ова ни е традицонален есенски панаѓур кој секоја година го организираме. Избран е 16 ти октомври како Светски ден на здравата храна. Овој ден се празнува во многу држави во свето, така и ние со еден наш мал придонес, со активност преку учениците, иницијатива од училиштето со поддршка од Советот на родители го организираме овој традиционален есенски панаѓур. Целта е да ја подигнеме свеста пред се’ на учениците, а на сите кои не’ посетуваат за консумирање на здрава храна и да знаеме да ја користиме. Да користиме онолку колку што треба, а не повеќе, бидејќи знаеме дека треба да постои свет без глад, рече Снежена Шубеска, директор на ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ Прилеп. 

Децата радосно ги презентираа продуктите на штандовите, каде имаше овошје, зеленчук и храна приготвена на здрав начин.

„Денеска е ден на здрава храна и ние редовно консумираме здрава храна, да ни биде подобро здравјето, да не настинуваме, да не не боли ништо, да имаме поцврсти коски. Со парите што ќе ги собереме ќе дадеме придонес за училиштето, вели Петар Думбалоски.  „Јас најчесто јадам салата, круши, јаболка, банани, и тоа го јадам секој ден. Се чувствувам здраво. Им препорачувам на моите другарчиња да јадат здрава храна, за и тие да бидат здрави, рече Хана Проданоска.  „Најчесто од зеленчукот јадам моркови, краставици, домати, а од овошјето банани. За продажба на штандот подготвив корпа со лешници и бадеми, јаболка, мандарини и банани. На моите другарчиња им препорачувам да се хранат здраво“. 

Билјана Петкоска е родител на две деца кои учат во СОУ „Кире Гаврилоски Јане“, таа е член на Советот на училиштето и дава поддршка на ваквите активности:

„Ова е прекрасна акција која традиционално се спроведува во училиштето.  Ова е еден начин за децата од најмали нозе, од најрана возраст да ги стекнат оние навики за конзумирање на здрава храна особено на зеленчук и овошје, дали како ужинка, дали во текот на целиот ден повеќе пати. Ова е одличен начин да им се укаже на децата за тоа. Ние како семејство дома практикуваме да конзумираме зеленчук и овошје, редовно ни е полна кошницата, некогаш помалку, некогаш повеќе, но важно е да се напоменува тоа и често пати да се применува,“ вели Петкоска. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Европа гори под топлотниот бран

Жесток топлотен бран го зафати јужна Европа, со неверојатни температури кои достигнаа максимум од 46,6°Ц во Шпанија и го ставија речиси целиот континентален ,дел на Франција во состојба на тревога. Париз (38Ц) е во највисока, црвена тревога, а врвот на Ајфеловата кула е затворен за туристи како превентивна мерка. Во...

Ново музичко задоволство од летните горештини- концерт на женскиот камерен хор „Керамија“

На 4 јули 2025 /петок/ од 19.30 часот на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Гости на концертот се КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип. Женски Камерен хор „ Керамија “’ ќе настапри со 1.Ave...

Oтворена изложба „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески

На 4 јули 2025 /петок/ од 20.00 часот во Ликвоната галерија ќе биде отворена изложбата „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески. После успешното претставување во Културно-информативниот центар на Министерството за култура и туризам во Белград, Србија, прилепскиот мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник М-р Филип Јовески, својата 12 – та самостојната изложбата...