Падна плочата од споменикот на Кузман Јосифоски – Питу, написот одамна избришан од времето, а тој позеленет

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Падна една од плочите од постаменот на споменикот на Кузман Јосифоски -Питу во центарот на градот. Дали од силниот ветар, кој во саботата вечерта дуваше во прилепско или човечки фактор е предизвикувач на оштетувањето, тешко може да се утврди. Но, постаментот остана без една од мермерните плочи.

На постаменото од споменикот на еден од најголемите македонски борци за слобода на Македонија од НОБ, идеолог и организатор на антифашистичката борба на македонскиот народ, одликуван со највисоко одликување на државата “Народен  херој„  тешко може да се  прочита и натписот на името на херојот, чии букви одамна избледеле.

Споменикот на Кузман  ( на авторот Жарко Башески -добитник на 3-то Ноемвриска награда за живото дело ) се наоѓа и во недостојна состојба за една од најзначајните личности од поновата историја на македонскиот народ – позеленет и речиси непрепознатлив.

Во изминативе години јавноста покренуваше прашањето за состојбата во која се наоѓаат спомениците и спомен обележјата, барајќи од надлежните грижата за нив  да биде поголема, зашто тие се одбележје на нашето постоење и историја.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: