ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Од денес со ознака за квалитет на eTwinning училиште

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Денес на ОУ ,,Св. Кирил и Методиј” од Кочани му беше доделена Ознаката за квалитет за eTwinning училиште, пишува КиМ Ко Инфо.
„Ова признание ја потврдува нашата посветеност на современи, иновативни и колаборативни наставни практики, кои ги поврзуваат учениците и наставниците со европски партнери.
eTwinning придонесува за развој на дигитални вештини, креативност, размена на идеи и меѓукултурна соработка. Ќе продолжиме и понатаму активно да работиме и да се вклучуваме во нови проекти, со цел да им овозможиме на учениците уште повеќе можности за учење и развој, стои во прилогот изготвен од членовите на КиМ Ко Инфо.

фото:КиМ Ко Инфо

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Градоначалникот Грозданов на прва работна средба во КЈП „Водовод“

Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со раководните служби од КЈП „Водовод“ и со административните службеници задолжени за комунални работи од Општина Кочани, на која беше разгледана севкупната состојба во кочанското комунално претпријатие. Констатирана е незавидна состојба со јавната чистота, намалени капацитети на човечки ресурси и лоша финансиска положба на КЈП

15 обвинители ќе го застапуваат обвиниението за „Пулс“

Во судскиот процес за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој почнува следната недела како што денеска кажа државниот обвинител Љупчо Коцевски, ќе бидат ангажирани доволно обвинители, односно дека ЈО има екипираност и веќе се договорени околу начинот на кој обвинителите ќе го застапуваат предметот. Во судница ќе го застапуваат обвинението истите обвинители

Почна со работа новиот состав на Советот на Општина Виница

Со конститутивна седница и верификација на мандатите, денес во Виница официјално започна со работа новиот состав на Општинскиот совет. Од вкупно петнаесет советници, мандатите им беа потврдени на четиринаесет, додека еден ќе биде разгледан дополнително на наредната седница. За претседател на Советот едногласно беше избран Гоце Василев, претставник на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во своето