OУ „Раде Кратовче“ го одбележува патрониот празник…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, Основното училиште „Раде Кратовче“ го одбележува својот патрон празник со низа свечени активности. Чествувањето започна со изведба на химната од училишниот хор, по што беше положено свежо цвеќе пред бистата на Раде Кратовче.

Почит му оддадоа делегација од училиштето, претставници од локалната самоуправа предводени од градоначалникот Грозданов, како и членови на семејството Раде Михајлов Кратовче.

Во рамки на програмата беа доделени благодарници на учениците кои постигнаа успеси на литературниот и ликовниот конкурс, а беа откриени и таблите со обележја на младинските клубови кои ги носат имињата на Петар Ивановски и Драгана Минова – деца кои трагично ги загубија животите во пожарот во „Пулс“, а чии родители се дел од колективот на училиштето.

Свеченоста беше збогатена и со спортски активности, при што учениците од прво и трето одделение одиграа меѓуодделенски натпревари во фудбал и кошарка.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На 26 март во „Бели мугри“ – Изложба на Ана Митевска

Во Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ од Кочани за 26 март е закажано отворање на самостојната изложба на уметницата Ана Митевска насловена „Надеж – светлина во темнината“.Самос Куратор на изложбата е Јасминка Намичева, кустос советник. Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две

По договор со општината, угостителите ги отстрануваат терасите

Од утринава, угостителите во Трговскиот центар – блок А во Кочани почнаа со отстранување на терасите поставени на јавна површина пред нивните локали на катот. Станува збор за обврска што произлегува од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти. Со него е предвидено сите времени градби што се

Во Зрновци пронајдено женско тело во распаѓање – обдукцијата е во тек

До доцна вечерва истражеители, полицајци и екипи на други институции собираа докази на терен, во Зрновци каде беше пронајдено женско тело во распаѓање. Жителите на општината за Радио Кочани вознемирено сведочат како дознале за немилата случка. Од МВР и од обвинителството потврдија дека е пронајден човечки леш во фаза на распаѓање. Неофицијално – не е исклучена можноста од