Откажани сите манифестации- утре ден на жалост во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Советот на општина Прилеп, доцна попладне на вонредна сецница,  донесе одлука со која што утрешниот ден , петок 4 октомври,  го прогалси за Ден на жалост, по трагичната несреќа која се случи изутринава на магистралниот пат Прилеп-Битола, во која загинаа три медицински лица од Прилеп.

Во сообрајќањата несреќата загинаа: Примриус д-р. Александар Ристески, специјалист радиолог, гинекологот д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог, Фанче Јованоска, кои работеа во битолската болница „Плодност“. Несреќата се случила при судир на патничко моторно возило „тојота“ во кое биле медицинските лица и товарен камион кој пренесувал лесно запаливи материи. Поради силината на ударот избил пожар од кој биле опожарени и двете возила и во кои животот го загубиле тројцата  лекари од Прилеп.

На почетокот на седницата советниците им одадоа почит на загинати прилепски лекари со едно минутно молчење, a градоначалникот на Прилеп од говорницта изрази огромно жалање за загубата.

Како градоначалник , лекар, но пред се како човек, со огромна тага, длабока болка и со неверување ја примив веста,за сообраќајна несреќа која утринава се случи на патниот правец Прилеп-Битола , каде животот го загубија тројца наши сограѓани,  врвен стручен лекарски тим, за кои сите ние вечно ќе жалиме. Тоа беа мои колеги,  мои сограѓани со кои се сретнував низ работата и секојдневието. Тоа беа почитувани луѓе за кои се уште сум во неверување дека повеќе ги нема на овој Свет.

Прилеп  и Македонија со нив изгуби, врвни лекари специјалисти, еминентни и почитувани луѓе,  посветен  и одговорни граѓани. Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол. Во оваа прилика сакам да изразам сочувство до семејтвата за нивната огромна загуба и болка! Вечна им слава ! Нека почиваат во мир!

Утре, на Денот на жалост се откажуваат сите културни и спортски манифестации во општината, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јароблот во центарот на градoт, ќе бидат поставени на половина копје.

Општина Прилеп апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за утре, а угосителсите објекти  и локалните радиодифузери да ја прилагодат музиката според одликата.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Опасност на улиците – се повеќе возачи управуваат возила без возачка дозвола

Во полцискиот билтен речисе секојдневно се информациите кои констатираат дека возачи управувувале возило без возачка дозвола. Од објавите, интересно е тоа што,  возачите не се малолетни и имаат право на добивање (полагање за) возачка дозвола, но го управувaле автомобилот без да имаат сообрајќаен документ, како потврда за знаењето за управување...

(Фото) И, мало и големо возеше велосипед на манифестацијата „Сите на велосипед“ во Прилеп

Повеќеод од 300 љубители на велосипедот, од мали до возрасни, од рекреативци до професионалци, денеска се вклучија во манифестацијата „Сите на велосипед“, која по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, по 20-ти пат се одржа во Прилеп. Велосипедска тура, се одвиваше на релација Прилеп ( од...

Најубавата серенада за Прилеп на Александар, Дац и Блага Петреска

Мајсторите за живи свирки, дуото актер и композитор, Дац и Александар заедно со македонската дива на народната музика, Блага Петреска, направија нов музички проект кој носи силна емотивна локална приказна посветена на Прилеп и неговиот дух, насловена „Прилепска Серенада„, Станува збор за прекрасна серенада за Прилеп која говори за град...