Осветен Православниот храм ,,Св. Недела” во Соколарци – чинот го изврши митрополитот брегалнички Иларион

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Освет на параклис и Света Архиерејска Литургија во с. Соколарци

На 04 мај 2025 година, Недела 3-та на Воскресение (на Мироносиците), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот параклис посветен на “Св. вмч-ка Недела” во с. Соколарци, кочанско, и отслужи Света Архиерејска Литургија. Параклисот е ктиторско дело на г. Марјан Динов, г. Душко Динев, г. Ванчо Динев и г. Ласте Јанковски со нивните семејства.

На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. Нека е честито и од Бога благословено! Христос Воскресе! Навистина Воскресе!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

30 години Кожувчанка – синоним за успех и партнерство

  Компанијата „Кожувчанка“ го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство. Од локален производител денес израсна во бренд со национално и меѓународно признание. Генералната менаџерка на компанијата Кожувчанка, Јанинка Чупаркоска, ја истакна благодарноста кон сите кои

Намерно бил подметнат пожарот на плацот во Кочани каде изгореа три автобуси и комбе

Пожарот во Кочани што се случи на почетокот на неделава кога на плац во близина на бензинска пумпа „Авто Петрол“ во населбата Оризари, бил намерно подметнат, велат од Јавното обвинителство за „Слободен печат“. Обвинителството отворило постапка, се прибираат материјали за да се утврди кривична одговорност за пожарот. – Извршен е увид на лице место од

Голем интерес за приклучување кон Доброволното противпожарно друштво – Кочани, во ТППЕ со работа почнаа двајца нови пожарникари

Со значителен одзив од страна на граѓаните заврши повикот за прием на нови членови во Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани. На јавниот оглас, кој траеше до 30 јуни, се пријавија вкупно 23 кандидати, меѓу кои и пет жени, што ја потврдува се поголемата вклученост на жените во општествено одговорни и хумани активности. Посебно охрабрува податокот