Осумничени 32 лица за злоупотреба на 700.000 евра во прилепската болница

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Потврдено од Основниот Суд Прилеп – осумничени 32 лица за финасиска злоупотреба во прилепската болница.Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32 лица за злоупотреба во прилепската болница, 16 физички и 7 правни лица, додека уште девет други лица се осомничени за дела кои се гонат во скратена постапка за прекршување на прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп.

Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за 6 осомничени, за 7 забрана за учество во постапка за јавни набавки, додека за  останатите 19 физички лица се предложени мерки на претпазливост.

Како што соопштија од ЈОРСМ, тие се осомничени за кривични дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в, како и Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик.

-Со пријавата се опфатени и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, кои обвинителството исто така ги испитува, велат оттаму.

Според Обвинителството, постои основано сомнение дека осомничените, како соизвршители, учествувале во дејствија со кои свесно ги повредувале прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп со намера за себе или за друг да остварат значителна имотна корист, односно да предизвикаат значителна имотна штета на болницата, што е поткрепено и со наоди од извештај на Државниот завод за ревизија.

-Осомничените, меѓу кои поранешната директорка, раководители и други вработени на болницата, но и управители на осомничени правни лица, преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорните обврски и незаконски промени на налози за исплата, предизвикале вкупна штета на буџетот на болницата „Борка Талески“ од 42.726.978 денари, стои во соопштението од Обвинителството.

 

Директорот на болницата Кире Јоноски откако стапна на функцијата во неколку наврати изјави дека евидентирал голем број на неправилности, а установата ја наследил со долг од над 3 милиони евра. Тој обвини дека се трошело пари нс скапи телефони ајфони, мобилни броеви кои не биле никаде евидентирани. Се плаќало кеш за косење трева без договор и платен данок.Од касата на болницата се плаќало дури и за родендени.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските бакали ќе го прослават својот патрон “Св. Три Светители“.

Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја. Со  света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со...

Земјотрес во Северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот се почуствувал во Северозападна Македонија. Епицентарот, според информациите, бил на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце. Жителите на градот и околината пишуваат на социјалните мрежи  дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење, што...

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...