Осумнаесетти марш на ангелите – „Aко нема правда ќе поставиме шатори пред Судот и Полицијата!“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Правда мора да има, ако не ќе поставиме шатори пред Судот и Полицијата и нема да дозволиме никој да влегува. Ако нема правда за ангелите, за нивните родители и семејства нема да има за никој. Ова го порача подржувач на луѓето чии деца загинаа кобната ноќ, на 16 март, во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тој, од својата инвалидска количка, го предводеше осумнаесетиот  Марш на ангелите. Зборувајќи пред Основниот суд во Кочани, ја обвини полицијата дека дваесет минути на влезот во градот, кај ресторанот „Национал, држела  луѓе од други градови затоа што доаѓале да ги подржат кочанчани.

Без никакво образложение легитимирале, претресувале. И порачувам на цела Влада – помеѓу тие луѓе нема ниту еден терорист, ниту еден нарко дилер, ниту еден криминалец. Тоа се луѓе со душа и срце. Зошто се прави таков притисок, се обидувате ли нешто да скриете. Истрагата „терајте“ ја како што треба. Родителите на починатите веќе немат солзи во очите.

Осумнаесетиот марш на ангелите вечерва се одвиваше по истата маршута како и претходно : Парк на Револуцијата, кафуле „Класик“, Општина, УЈП, Полиција, Суд, со тоа што вечерва немаше вовузели и свирежи пред споменатите институции.

Родителите беа доста тивки, сестра на починато  момче во пожарот во „Пулс“ само потсети дека денеска, 16 август, навршија пет месеци откако на 16 март 62 лица ги загубија своите животи.

Повеќе за осумнаесеттиот Марш на ангелите во видео материјалот објавен на фејсбук страната на radiokocani.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците

Лажна дојава за бомба во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани

Утрово, ОУ „Св. Кирил Методиј“ преку ЦУК – Штип,  доби информација за лажно поставена бомба. Учениците и наставниците биле навремено евакуирани, а во моментов во училиштетео се присутни инспектори на МВР и се постапува согласно утврден правилник за вакви случаи. Информацијата за Радио Кочани ја потврдија од училиштето. Повеќе информации очекуваме во текот на денот.