Фудбалски вљубеници се целосно разочарани од вчерашниорт фатеалне пораз на ФК Победа кој заврши со осум погодоци во мрежата на Победа – резултат Скопје- Победа 8:1 во 5. коло на Втората лига. За оваа катострофална загуба зборуваат и оние кои не се инволвирани во фудбалот. А, фудбалски дискусии за овој фатален пораз, каде Победа беше декласирана и усрамена, се прелеаа и на социјалните мрежи . Иако, домашните од 18 мин, играа со играч помалку , тимот на Победа не усепа ниту да поведе ,ниту да го зачува нерешенот резултаа 1:1 кој беше до 18 мин. Оваа „несреќна состојба“ на клубот е само резултатска последица на она што се случуваше со месеци, без оглед што многумина веруваа во некави промени. А, следните очекувања се “кој/и мерки ќе преземе за ова да се реши?„,зашто веќе клубот ја губи „рамнотежата“ и надежда кај прилепчани.
Од клубот, пишува порталот Шампион , веќе најавиле два состанока од кои секако ќе произлезат некакви мерки за консолидација. Тешко е, финансиска помош нема пристигнато – според наши сознанија, ситуацијата е од лоша – полоша, полоша и од август, пред почетокот на првенството. Народот мора да ја знае целосната вистина – дека клубот можеше да не постои, а некои поединци се изборија тој да постои, што е за одбележување. Но, со мини-подготовки од една речиси една седмица, без ниеден пријателски меч, овие катастрофални резултати не можеа да се избегнат.“-пишува спортскиот локален портал Шампион.ТУКА
„Ова е голем срам за некогашниот двоен шампион на Македонија, на некогашниот наш фудбалски гигант.„- пишува скопскиот портал sportsport.mk
„Дали се реалност, дали се вистина? “- се прашува спортскиот портал Шампион, за осумте гола во мрежата на Победа
Следниот меч е дома со Големо Коњари.









