„Осогово“ се засили со два нови играчи за следната сезона

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

„Осогово“ за новата сезона 2025/26 промовираше две нови засилувања.

Станува збор за искусни фудбалери кои доаѓаат од клубови од нашата држава.

Христијан Митревски – Ито е искусен и етаблиран дефанзивец и многу важно засилување за ГФК „Осогово“. Во нашата екипа доаѓа од новиот прволигаш „Башкими“ од Куманово.
Заедно со Ито, срдечно добродојде во Кочани му посакуваме и на искусниот голман Филип Лазаревски, кој досега настапуваше за „Вардарски“ од Богданци.
ГФК „Осогово“ ја продолжи соработката со сите фудбалери кои го изнесоа најголемиот товар во претходната сезона, се вели во соопштението.
Инаку, „Осогово“ и во наредната сезона ќе се натпреварува во ВМФЛ што треба да започне на 23 август.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Почна Петровденскиот турнир – 16 пријавени екипи, победникот ќе биде познат на 12 јули

Почна 23. издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал. Честа да го отворат, годинава и припадна на екипите на „Агро смарт“ и „Електрика“. Оваа година има пријавено голем број на екипи, односно 16, а натпреварите се играат на СРЦ  „Бавчалук“. За првопласираната екипа, обезбеден е паричен износ од 60.000 денари, за втората 30.000  и за

Актуелниот градоначалник на Зрновци, Борчо Коцев повторно ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ

Актуелниот градоначалник на Зрновци, Борчо Коцев повторно ќе биде кандидат за градоначалник од редовите ВМРО ДПМНЕ. Тој оваа функцијаа ја извршува од 2021 година, откако ја доби довербата од граѓаните. Драги сограѓани, почитувани пријатели и подржувачи со чувство на голема чест, одговорност и мотивација, ја најавувам мојата кандидатура за втор мандат за Градоначалник на Општина