Осогово ги промовираше новите засилувања

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска на градскиот стадион во Кочани ,,Никола Мантов,,Осогово ги претстави новите засилувања за пролетниот дел од Втората Македонска фудбалска лига.На 11.01.2025 год новиот шеф на стручен штаб Крсте Крстев ги почна подготовките за новата полусезона и веке се работи според програмата и покрај тешките временски услови.Новитети во нашата екипа се Грегори Давков кој доага од Брегалница Штип,Дамјан Стојковски од Вардар Неготино,Владимир Жоглев од ФК Скопје и Давид и Кристијан Ристовски кои доагаат од тимот на Слога од Виница.Во присуство на новиот претседател на клубот Ненад Ефтимов и спортскиот директор Љупчо Симоски беа претставени новите играчи со кои Осогово ќе се обиде да ја избегне позицијата во која моментално се наога и да обезбеди опстанок и оваа сезона.Се надеваме дека сите заедно сплотени ,како навивачите така и локалните фирми заеднички ке допринесеме да Осогово повторно не радува со добри игри и победи кои ке донесат и опстанок .

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“ Комуналното претпријатие од словенечката општина Крањ донираше камион за потребите на КЈП „Водовод“ – Кочани. Возилото претставува значајна поддршка за претпријатието, особено во делот на ефикасен транспорт и ракување со големите контејнери за отпад, со што директно ќе се унапреди одржувањето на јавната хигиена.

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа