Oсновно образование дооформија 25 возрасни лица од Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски и претставници на здружението „Ромалитико“ денеска им доделија свидетелства на 25 возрасни лица од Кочани коишто го дооформија своето основно образование, во рамките на проектот за дообразување на возрасни.

Проектот што го спроведе невладината организација „Ромалитико“ се реализира втора година во Кочани и со износ од 200 илјади денари од лани е влезен во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани, а со ист износ е и поддршката од „Ромалитико“.

Извршниот директор на „Ромалитико“ Елвис Шакири нагласи дека со комплетирањето на основното образованието овие лица се поконкурентни на пазарот на трудот и можат да обезбедат редовно вработување.

Освен дооформување на основното образование, со овој проект четири лица од Кочани се обучија за инсталатери на фотоволтаични панели и осум лица за негуватели на стари лица.

В. д. градоначалникот Крстевски ја истакна отвореноста на Општина Кочани за реализација на проекти со коишто граѓаните ќе ги подобруваат своите образовни можности со што дадат поголем придонес во локалната заедница.

Од 25-те лица што го дооформија основното образование, 20 се жени,  а 5 мажи, а според националната припадност 22 се Роми, а тројца се Македонци.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците