Општината организира крводарителска акција во своите простории во соработка со Црвениот крст

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во соработка со Црвен Крст на Македонија, Општина Прилеп утре, (среда)19 март, организира  крводарителска акција под мотото “Да даруваме крв, да спасиме живот“ и “Да помогнеме заедно“ .Крводарителската акција  ќе се одржи во општнската зграда , од 09:00 до 14:00 часот и секој кој сака да ја дарува крв е добредојден, заатоа што крвта како лек е сè уште незаменлива.

Инаку, оваа е редовна крводарителска акција која се организира најчесто на 17 март ,по повод Ден на крводарителството, односно денот на основањето на Црвен крст на Република  Македонија. Годишните потреби за крв во Р.М се 55.000 единици крв, велат од Црвениот Крст на Македонија.

Доброволното крводарителство во Република Македонија има една единствена цел, а таа е да се мотивираат што поголем број на луѓе кои треба доброволно да даруваат крв за да може да се соберат потребните количини на крв и крвни продукти кои се неопходни за лекување на болните и повредените.  Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствената култура и јавната свест. Од тие причини мотивирањето на населението за доброволно дарување на крв е исклучително важно за градење позитивен однос кон крводарувањето.

Крвта како лек е сè уште незаменлива и нејзиното добивање исклучиво зависи од добрата волја на луѓето крводарители, кои доброволно, анонимно, бесплатно и солидарно даруваат крв.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...