Општина Зрновци со нова механизација за ефикасно летно и зимско одржување на патиштата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Зрновци реализираше нов капитален проект со набавка на трактор и современа приклучна комунална механизација, со што значително ќе се унапреди одржувањето на локалната патна инфраструктура.

Новата опрема ќе овозможи поефикасно и навремено чистење на снег во зимски услови, одржување на зеленилото и патиштата во текот на летото, како и подобрување на хигиената и уреденоста на јавните површини.

Со овој проект се обезбедуваат побезбедни и проодни патни правци за сите жители и посетители на општината, што претставува значаен придонес кон подобрување на условите за живот и функционирање на жителите.

Средствата за реализација се обезбедени преку потпишан договор за финансирање помеѓу Министерството за локална самоуправа и Општина Зрновци, а набавката на опремата е спроведена во соработка со економскиот оператор „СИМПЕКС“ ДОО – Битола. Вкупната вредност на проектот изнесува 5.499.570 денари со вклучен ДДВ, а финансирањето е обезбедено преку програмата за „Намалување на регионални диспаритети и зголемување на конкурентноста“ за 2025 година.

Голема благодарност до министерот за локална самоуправа Златко Перински и Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, за континуираната поддршка во реализацијата на проектите кои придонесуваат за подобар живот на граѓаните, рече градоначалникот Борчо Коцев.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ѓорѓиоски и Ситновска во Кочани реализираа Сатирична работилница за деца

Денеска  во просториите на ЈОУ Библиотека ,,Искра” во Кочани се одржа Сатирична работилница за деца, проект подржан од Министерството за култура и туризам. Работилницата ја водеа Миле Ѓорѓијоски, писател сатиричар и Софија Ситновска, илустратор. Од двајцата децата се запознаа со тајните на пишување и илустрирање на детските афоризми и епиграми. Покрај тоа, посетителите на работилницата

Грозданов: Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД ќе се вклучи во лекување на повредените деца од Кочани

Докторот Владко Грозданов, предложен од ВМРО – ДПМНЕ како надпартиски кандидат за градоначалник на Општина Кочани, денеска најави партнерство со Асоцијацијата на пластични хирурзи од САД за две клучни цели – обезбедување највисоко ниво на грижа за повредените во тргедијата од март годинава и поддршка во модернизацијата на болницата во Кочани, според најсовремени медицински и

Се реконструира улицата „Мите Стојчев“ во Тркање

Започна реконструкцијата на улицата „Мите Стојчев“ во селото Тркање. Градежните работи се одвиваат на потег со должина од 570 м и ширина од 4 до 4,5 м. Изведувач е „Стоименов“ од  Кочани. Финансиските средства во износ од 3.965.590 се од Буџетот на Општина Кочани. Со овој градежен зафат ќе се поправат големите оштетувања на улицата