Општина Зрновци објави електронско јавно наддавање за отуѓување на градежно земјиште…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во изминатиот период, стручната служба на општина Зрновци, интензивно работеше на уредување на градежното земјиште, што претставува клучен сегмент за урбанистичкиот развој на локалните самоуправи.

Како резултат на оваа работа, Локалната самоуправа на  Зрновци објави “ОБЈАВА бр. 1 за 2025 година”, која се однесува на отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на електронско јавно наддавање.

Во објавата се опфатени 21 парцела од трите населени места: Зрновци, Мородвис и Видовиште, со вкупна површина од 20 декари градежно земјиште, наменето за семејно домување во станбени куќи (А1).

Сите заинтересирани граѓани можат да се информираат за деталите на објавата преку официјалната веб-страна на општина Зрновци, www.zrnovci.gov.mk.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мицкоски: Исплатени се околу 50 милиони денари на оризопроизводителите

„Јас нема да ги коментирам нападите на опозицијата. Мислам дека или не се информирани, или ја грешат темата. Веќе е исплатена онаа интервентна исплата до оризопроизводителите од околу 50-тина милиони денари. Истовремено се обезбедени околу 135 милиони денари за обнова на системите за наводнување за овој регион. Оризот стана стратешка култура и ќе биде дел

Осветен Православниот храм ,,Св. Недела” во Соколарци – чинот го изврши митрополитот брегалнички Иларион

Освет на параклис и Света Архиерејска Литургија во с. Соколарци На 04 мај 2025 година, Недела 3-та на Воскресение (на Мироносиците), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион изврши освет на новоизградениот параклис посветен на “Св. вмч-ка Недела” во с. Соколарци, кочанско, и отслужи Света Архиерејска Литургија. Параклисот е ктиторско дело на г. Марјан Динов, г.