Општина Зрновци набавува нова комунална механизација во вредност од 5,5 милиони денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Зрновци – Општина Зрновци ќе добие нова современа комунална механизација за летно и зимско одржување на локалната патна инфраструктура, со вкупна вредност од 5,5 милиони денари. Договорот за набавка е веќе потпишан, со што се најавува значително подобрување на условите за одржување на улиците и јавните површини во општината.

Според информациите, механизацијата вклучува:

* Трактор со над 100 коњски сили, со кабина и предни полуги
* Мултифункционална хидраулична рака за вертикално и хоризонтално мулчирање
* Кастрачка за гранки
* Приколка со носивост од 6 тони
* Даска за снег

Оваа инвестиција има за цел да ја зголеми ефикасноста при комуналните активности и да обезбеди побрзо и поквалитетно одржување на улиците, особено во зимски услови. Дополнително, се очекува подобрување на хигиената и уреденоста на јавните површини, како и зголемена безбедност на патиштата во текот на целата година.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Јуроп хаус со културна програма ја продолжува соработката со ЦК „Бели мугри“

По успешната септемвриска програма исполнета со активности за млади, Јуроп хаус ја продолжува есенската културна и едукативна програма во Кочани. Во текот на октомври, програмата ќе се реализира во соработка со Националната установа Центар за култура „Бели Мугри“ – Кочани како и со “SupportKochani”, со цел да се придонесе кон културниот живот во градот и

Новите членови на Советот на Општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиово-Облешево

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

Александар Андов: Победивме, но не славевме на улица со музика, затоа што сочуствуваме со граѓаните на Кочани….

Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите Вчера, на 19 октомври, се одржа првиот круг од Локалните избори 2025 година. Изборите во Општина Кочани поминаа во фер и демократска атмосфера, во кое нашите сограѓани ја изразија својата волја за тоа каква општина сакаат да имаат во следните четири години. Како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ