Ве информираме дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти важи заклучно со 03.03.2026 година, што претсавува последна можност за сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација до Општина Виница, а чија постапка е во прекин, да ја искористат законската можност за нивно комплетирање и решавање.
Ги повикуваме сите засегнати лица навремено да се обратат во Општина Виница, Сектор за нормативно-правни, општи работи и јавни дејности и да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација.
Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети истите ќе бидат одбиени, согласно законските одредби.
Лица за контакт: Виолета Михаjлова и Гоце Алексов.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









