Општина Прилеп продолжува со јакнење на врските со Народна Република Кина

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски денеска оствари средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија Џијанг Сјаојан. На средбата станало збор за унапредување и јакнење на соработката што Македонија и Прилеп ја има востановено во повеќе области економија, туризам, култура, а особено во образованието со Народна Република Кина.
При тоа акцентот бил ставен на потенцијалите кои ги има општината за развој на економијата, привлекување инвестиции, но и можностите за развој на туризмот, посочи градоначалникот Проданоски на социјалните мрежи:

Прилеп е град со богата историја, значајно културно наследство и развиена економија, што претставува силна основа и потенцијал за привлекување на нови туристи и инвестиции во иднина. Нашата соработка со Народна Република Кина има долга традиција. Во 2013 година, во градот Де Јанг, во провинцијата Сичуан, беше потпишан Меморандум за воспоставување пријателска соработка помеѓу Општина Прилеп и Општина Де Јанг, со што беа поставени темелите за континуирани пријателски и институционални врски. Особено значајна е и нашата соработка во областа на образованието. Дел од прилепските основци, средношколци и наставници, кои имаат афинитет за изучување јазици, имаат можност факултативно да го изучуваат кинескиот јазик токму тука, во Прилеп, како и кинеската култура и обичаи. Ова е резултат на воспоставената соработка помеѓу Општина Прилеп, Амбасадата на Народна Република Кина и Институтот за кинески јазик „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Нашата Локална самоуправа и понатаму ќе продолжи да работи на јакнење на меѓународната соработка и отворање нови можности за развој на нашата општина.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Со Хриството воскресение ја исповедаме целата суштина и смислата на верата“ се вели во Велигденското послание на г.г. Стефан

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот архиерески синод упатија Пасхално послание по повод Велигденските празнувања. Во него Поглаварот на Македонската православан црква г.г. Стефан вели: Возљубени празникољупци, Еве, и оваа година милостивиот Бог нè удостои да го дочекаме...

За Ачески, великиот прилепски уметник и хроничар Камерна галерија „АЧЕ“ и монографија

Националната установа за заштита на спомениците на културата НУ Завод и Музеј Прилеп со свечена програма го одбележаа животот и делото на еден од највпечатливите хроничари на нашето поднебје Ѓорѓи Ачески – Аче. Вечерта беше посветена на зачувувањето на колективната меморија со неколку настани: промоција на монографијата „Еден музеј на...

(ВИДЕО) Велигденски панаѓур на ООУ Кочо Рацин – Прилеп

По повод престојниот празник Велигден прилепското основно училиште Кочо Рацин  го организираше велиогденскиот панаѓу , трета година по ред.По традиција , велигденските изработки од вредните раце на учениците , го привлекоа вниманието на прилепчани кои ги купуваа различните изложени креации.Собраните средства од продажниот панаѓур ќе се искористат „од деца за...