Oпштина Прилеп ќе ангажира 30 лица за заштита од пожари – Отворен е јавниот повик за пожарникари

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Невработените лица, евидентирани во АВРМ, кои се заинтересирани да станат пожарникари потребно е да се пријавата во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Прилеп. Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период до најмногу 5 (пет) месеци.

За кандидатите кои ќе бидат избрани за времено работно ангажирани, се предвидува да им биде исплатен износ од 24.000 денари месечно со вклучено осигурување за инвалидност и телесно
оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход.(средства се обезбедени од Буџет на АВРСМ – Потсметка активни програми и мерки) , стои во Јавниот повик на Оптшина Прилеп.

Заинтересираните лица, повеќе информации може да добијат на следниот линк: https://www.prilep.gov.mk/32016-2/

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: