Општина Кочани распиша Оглас за организирање на Петровденски хепенинг

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
По повод Петровден – празникот на Кочани, Општина Кочани распиша оглас за организирање Петровденски хепенинг, настан што ќе се одржи во Паркот на Револуцијата (Градскиот парк) во периодот од 11 до 14 јули.
Комисијата за организирање на овој настан ги повикува заинтересираните правни субјекти регистрирани во Централен регистар да учествуваат на јавното наддавање што ќе се спроведе на 9 јули 2025 година, во 12 часот во просториите на Општина Кочани. Учесниците на јавното наддавање треба да уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 5.000 ден., со праг на наддавање од минимум 1.000 ден.
Останатите детали за Огласот за организирање Петровденски хепенинг се во продолжение на следниот линк:

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Општина Зрновци набавува нова комунална механизација во вредност од 5,5 милиони денари

  Зрновци – Општина Зрновци ќе добие нова современа комунална механизација за летно и зимско одржување на локалната патна инфраструктура, со вкупна вредност од 5,5 милиони денари. Договорот за набавка е веќе потпишан, со што се најавува значително подобрување на условите за одржување на улиците и јавните површини во општината. Според информациите, механизацијата вклучува: *

Амфенол вработува Quality Planning – Планирање на квалитет – КЕ Електроник

Моментално имаме потреба од 1(едно) ново вработено лицe за работно место   Quality Planning – Планирање на квалитет –  КЕ Електроник Одговорности и задачи: Собирање на потребните податоци,работење и архивирање на потребната документација Комунукација и усогласување спрема барањето на купувачите Изработка и контрола на документите за производ / производна група – APQP Изработка и контрола

Крстев на прес: Со малку среќа сезонава во Втората лига можеме да биде пријатно изненадување

Градскиот фудбалски клуб „Осогово“ од Кочани е подготвен за стартот во Втората фудбалска лига на Македонија закажан за сабота, 23 август. „Подготовките што ги започнавеме на 14 август ги одработивме во целост, одигравме шест контролни меча. Задоволен сум“, рече Крсте Крстев, тренер на „жолто-сините“ од Кочани, на прес конференција на која клубот ја најави новата