Општина Кочани има аплицирано за мерката на Владата за ангажирање лица за превенција од пожари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани има аплицирано по повикот на Владата за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – формуларот е уредно испратен – соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, по прес-конференцијата на Владата на која беше истакнато спротивното.

Ја поздравувам оваа пилот-мерка на централната власт и очекувам дека Владата ќе одобри ангажман на 23 лица за превенција од пожари на територијата на Општина Кочани со ридско-планинскиот регион – додава Крстевски, истакнувајќи ја реалната потреба од вработување на нови 15 професионални пожарникари во Територијалната противпожарна единица – Кочани.

Исто така ја користам можноста да потсетам дека Општина Кочани веќе пет месеци чека Министерството за финансии да даде согласност за нови вработувања во новата детската градинка „Детелинки“, за коишто се планирани финансии во буџетот. Ја повикувам Владата час поскоро да ја реши неизвесноста на над 200 родители чии деца се на листата на чекање за згрижување во новата кочанска градинка – потсетува Крстевски.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Сладолед, кафе и смути на едно место: „Пингу“ започна со работа во Кочани

Денеска во Кочани беше отворено ново слатко катче „Пингу“, лоцирано на улицата „Димитар Влахов“ во населбата Стришани, веднаш до крушниот тек. Просториите беа отворени со благослов од храмот „Св. ВМЧ Георгиј“. „Пингу“ е првото и единствено слатко катче од ваков вид во Кочани и нуди богата и разновидна понуда од секаков вид кафе, смути, сладолед,

Пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани

Утринава, нешто по 8 часот, избувна пожар во помошен објект на улицата „Јане Сандански“ во Кочани. Од Територијалната противпожарна единица – Кочани информираат дека пријавата за пожарот ја добиле во 08:45 часот. На терен интервенирале две противпожарни возила и четворица пожарникари, кои со брза интервенција спречиле огнот да се прошири и да зафати соседна куќа.

Маж од Виница од лажен профил испраќал експлицитни фотографии на малолетничка

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2025 година пријавениот, користејќи лажен профил на социјална мрежа, испраќал пораки со недозволена содржина, вклучително и експлицитни фотографии и видеоснимки, на профил на малолетничка.   По