Општина Кочани и „Амфенол технолоџи Македонија“ отпочнуваат со решавање на деценискиот проблем на жителите од селото Тркање

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски одржа работен состанок со раководството на „Амфенол технолоџи Македонија“, на кој се дискутираше за проблемот со тешките товарни возила, со кој се соочуваат жителите на Тркање.

На состанокот е договорено, врз основа на донесените инфраструктурен и идеен проект, да се изработи основниот проект за новиот пат за поврзување на м. в. Цацков Бунар со постоечкиот алтернативен пат Кочани – Тркање. Се очекува проектантите во најкус можен рок да го изработат основниот проект.

Во меѓувреме Општина Кочани ќе отпочне со експропријација на трасата предвидена во идејниот проект за овој пат.

Откако ќе биде изработен основниот проект, изградбата на дел од патниот правец ќе биде финансирана од страна на „Амфенол технолоџи Македонија“, сe со цел за 3-4 месеца да се реши проблемот на жителите на Тркање.

Како привремено решение, Општина Кочани веднаш ќе започне со санирање на оштетените делови од патот со тампонирање и валирање.

В. д. градоначалникот Крстевски се надева дека ќе се реши уште еден децениски проблем, за што бара разбирање од жителите на селото Тркање.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пет ученички-членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари најмали,а воедно најактивни и креативни учесници на обуката „Млади креатори на содржина“ одржана...

Пет ученички од 9 то одд. членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари беа дел од проектот „Млади креатори на содржина“ во организација на томот на „Види Вака“ и „Гоце.мк“. Станува збор за ученичките Бисера Стоилова, Марија Ананијева, Ана Каранфилова, Магдалена Николова и Теодора Трајчева и нивниот ментор наставничката Тања Велкова. Проектот

Наков: Нема граѓанин на Кочани кој така не ја доживеа трагедијата лично. Сите ние сме поврзани. Но, тоа е животот мора да продолжиме напред…

Една година по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, болката и сеќавањата сѐ уште се силни кај граѓаните. Тешкиот настан не ја одмина ниту кочанската компанија „Амфенол“, каде што вработените и раководството се соочија со сериозни предизвици во тој период. Генералниот менаџер Сашко Наков вели дека првичната цел била да се амортизира ударот и истовремено

Игор Јованов избран за претседател на Адвокатската заедница Кочани

Во ресторан „Амор“ во Кочани вчера се одржа собир на адвокатите од Адвокатската заедница Кочани, во присуство на претставници од Адвокатската комора на Република Македонија. Средбата започна во 14:30 часот и се одвиваше според утврден дневен ред, кој опфати избор на претседател на заедницата, како и избор на претставници – делегати во Собранието на Адвокатската