Општина Долнени ја отцени “Маѓепсан круг“ како ретко убава и едукативна претстава против трговија со луѓе

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Жителите на Општина Долнени, денеска, имаа можност да ја погледнат претставата “Маѓепсан круг“ во изведба на “Слободно театарче“ при драмската секција на СОУ “Ѓорче Петров„. Претставата се одржа во општинското основно училиште “Али Фетхи Окјар“ -с.Дебреште, а публиката од наставници, ученици, родители и преставници од локалната самоуправа,  оваа “обична“ и навидум сосем “навина“ претстава,  ја оценија како ретко убава, корисна и едукативна,  која темелно влијае на подигање на свеста за борба против трговија со луѓе и спречување на предвремените детски бракови.  Секоја сцена делуваше впечатливо и беше наградена од публика со аплауз, а на крајот од претставата актерите беа опкружени и со публиката, која им честита за нивната беспрекорна изведба. Ова беше одлична можност, на попристапен начин, да се охрабрат жителите од локалната заедницата за да делуваат во препознавање, откривање и алармирање при појавата на принудните детски бракови во нивината заедница.

  

Инаку, претставата сочинува четири одвоени приказни за деца тргувани за принудни бракови и ја идентификува сиромаштијата како основна причина на ова појава.  Таа има за цел подигање на свеста кај локалната заедница за опасностите од трговија со деца за присилни бракови и е веќе емитувана пред пуликата на Општина Прилеп и Општина Крушево.

Театарската престава, на која и преходеше радио драма со истиот наслов “Маѓепсан круг“ е дел од иницијативата на Радио Пела “Промени го мислењето – остани надвор од маѓепсаниот круг ,како дел од поголема иницијатива за подигање на јавната свест за принудните детски бракови.

Иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг е дел од акцијата „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од Европската Иницијатива за соработка на Унијата/Советот на Европа „Хоризонтален објект III за Западен Балкан и Турција“.Ставовите изразени во оваа активност на ниту еден начин не може да се сметаат дека го одразуваат официјалното мислење на Европската Унија или на Советот на Европа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За Бехтел и Енка предизвик е крајниот рок за изведба на автопатот Прилеп-Битола

Повеќе археолошки наоѓалишта, голем број на неексплодирани мини (најмногу од Првата светска војна) на теренот каде што се гради делницата од коридорот 10 д , се само дел од предизвиците да се заврши во предвидениот рок – крајот на 2027 година изградбата на автопатот. Целата изведба на автопатското решение се...

(ВИДЕО)Автопатoт Прилеп-Битола се гради на првите 10 км – градоначалниците на увид

Делницата позната како коридор 10 д, автопатот Прилеп – Битола се гради со полна динамика на првите 10 км од вкупно 41 км колку што опфаќа Секција 4. Изведбата на овој патен правец започна во септември 2023 та. Паралелно се проектира, се врши експропријација и изградба на автопатот. – Секцијата...

Се случува и тоа – паднал далновод во нива додека ги извршувал земјоделските работи, и се онесвестил

Синоќа, околу 19,оо часот во близина на патот Прилеп-Битола во м.в.„Горно Садово“, паднал далновод во нива. Човекот кој работел на нивата, паднал во безсознание, информираат од СВР Битола. На 10.07.2025 во 19.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во близина на патот Прилеп-Битола во м.в.„Горно Садово“, М.В.(70)  од Прилеп додека...