Општина Чешиново-Облешево во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“започнува со реализација на Проектни форуми во заедницата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Чешиново-Облешево во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој се реализира во рамки на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа започнува со реализација на Проектни форуми во заедницата

Првата Форумска сесија  ќе се одржи на ден 22.11.2024 година (петок) со почеток во 12.00 часот во ООУ „Климент Охридски“ Облешево – мала сала.

На оваа форумска сесија ќе се дискутира за проекти од областа на социјалната инклузија во општина Чешиново-Облешево, вклучувајќи и поврзани теми со заштита на животната средина, управување со ризици катастрофи (непогоди), енергетска ефикасност, родова еднаквост, ранливи групи на граѓани, добро владеење и меѓуетничка соработка.

На Форумската сесија учество ќе земат сите заинтересирани локални чинители од општина Чешиново-Облешево

Преку Форумите во заедницата жителите на општина Чешиново-Облешево ќе  одлучуваат кои се приоритетите за социо-економски развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата на локалната заедница.

Проектите ќе се финансираат со “Грант поддршката“ од страна на УНДП  која изнесува  мин. 40.000  до мах 60.000 УСД + сопствено учество на општина Чешиново-Облешево.

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

 

Општина Чешиново-Облешево

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео