Општина Чешиново-Облешево ги награди првенците на генерацијата за учебната 2024/2025 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По повод Денот на Општина Чешиново-Облешево – празникот Мала Богородица, во општинските простории беа доделени признанија на најдобрите ученици од двете основни училишта на територијата на општината.

Првенци на генерацијата за учебната 2024/2025 година се:

Делфина Ѓоргиева, ученичка од ООУ „Страшо Пинџур“ – Соколарци

Стефан Коцев, ученик од ООУ „Климент Охридски“ – Облешево

Признанијата им беа врачени од страна службени лица, кои во своето обраќање им честитаа за постигнатиот успех и ги охрабрија да продолжат по патот на знаењето и личниот развој.

Градоначалникот Далибор Ангелов нагласи дека поддршката на младите таленти останува приоритет за локалната самоуправа.

Оваа година, празникот беше одбележан на достоинствен и скромен начин, со посветеност на духовните и човечките вредности. Во знак на сеќавање на децата кои го загубија животот во трагедијата од март, беа пуштени 62 бели балони, како симбол на тивка почит кон нивните животи.

Општина Чешиново-Облешево им се заблагодарува на сите учесници во образовниот процес и на граѓаните, со желби за здравје, среќа и просперитет во секое семејство.

Инаку, минатат година по повод празникот беше организирана најголемата забва досега со популарната ѕвезда Исак Шабановиќ и македонските изведувачи Роберт и Панки, настанот го збогатија и играорците од ФА „Китка“ – Истибања.

Минатогодишниот  настанот беше во организација  на Локалната Самуоуправа и градоначалникот Ангелов, при што беа упатени пофални зборовиод  присустните голем број луѓе од целата држава.

Д. Николов

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Рото М“ и Ротари клубот Кочани-Виница донираа …

Како што наближува летната сезона, така и општествено одговорните компании и граѓански здруженија, акцентот го ставаат за подобрување на условите во противпжарните друштва, за навремено и доследно справување со евентуални пожари во регионов. По тој повод денеска во ТППЕ – Виница бевме сведоци на донација на противпожарно возило од македонско-словенечката компанија „Рото М“ и Ротари

Вечерва премиера на претставата “ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП” во режија на Гацовска во ЦК ” Бели мугри”

Вечерва во Кочани ќе се одигра премиерата на Детската театарска претстава „ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП“ во сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани. Претставата е приказна за најхраброто девојче кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студио: Илина Дојчинов, Викторија Наунов, Петар Крстовски, Павел Стоименов, Леона Крстова,

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице..

  На 24.04.2026 во Кочани, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода К.А.(37) од Кочани. При претреси, по претходно добиена судска наредба, во местото на престојување на К.А., како и во негов деловен објект во Кочани, пронајдени се грутчеста материја, бела прашкаста материја, две дигитални ваги, марихуана и пари. По целосно документирање на