Црквата ги моли верниците да не оставаат запалени свеќи на плочките во дворовите, по оградите на храмовите по чинот на Христовото Воскресеније . Овој чин, иако произлегува од побожност и желба за молитва, носи сериозни ризици. Опасност од пожар е една од причините, зашто запалените свеќи лесно можат да предизвикаат пожар, особено кога се оставаат покрај дрвата, покрај оградата на црквата, во дворот на црковните храмови. Оштетување на храмот исто така е сериозен проблем. Восокот што се разлева по плочките и оградите остава трајни дамки и оштетувања, што бара дополнителни средства за чистење и одржување. Оставањето свеќи на несоодветни места создава неред и ја нарушува светоста на просторот, велат од црковните прилепски храмови.
Свештенството апелира до сите верници да покажат почит кон храмовите и околината. Верата се изразува преку молитва и почитување на правилата, а не преку постапки што можат да предизвикаат штета. “СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА НЕСОВЕСНО ОСТАВАЊЕ СВЕЌИ НАСЕКАДЕ. СЕ НАДЕВАМЕ НА РАЗБИРАЊЕ И БЛАГОДАРИМЕ. НЕКА НИ Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ!“ велат од свештените лица од црковните храмови во Прилеп
Опомената и за зачувување на животната средина, која важи и за лушпите од јајца, кои културно треба секој православен хритијанин, кој присуствува на чинот на Христовото Воскресеније да си ги соберете во кесички и да ги фрлите во канта, а не да се фрлаат во дворовите на црковните храмови или околу нив.









