ООУ „Св. Климент Охридски“ – Во дворот на училиштето поставена биста на патронот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Честит патрон празник СВ.Климент Охридски – Облешево

ООУ „Климент Охридски“ од Облешево со гордост и пиетет го носи името на големиот сесловенски и македонски просветител свети Климент Охридски. Во негова чест во дворот на училиштето е поставена спомен-биста на ликот и делото на патронт.
На свечената академија во преполната спортска сала , свое поздравно обраќање имаше директорот на училиштето, Јорданчо Костадинов. При тоа, тој зборуваше за посветеноста на наставниот кадар и учениците .
„Задоволство е да се биде дел од оваа образовна институција но во исто време е и обврска и имање визија за идни успешни чекори во управувањето и раководењето на училиштето. Името на св.Климент Охридски е длабоко врежано во генезата на секој македонец, а тоа што го имаме за наш патрон како училиште не прави горди и не задолжува да ја продолжиме неговата мисија“, нагласи директорот Костадинов.
Учениците пред многубројните гости и присутни со преубави точки за оваа намена се претставија и го покажаа својот талент за настап и глума. Главната порака – „Го сакаме светот со своите различности, но во исто време го негуваме и истакнуваме нашето – македоското“ со успех беше испратена и прифатена од присутните и наградена со силен аплаус.
„Љубовта, хуманоста и моралните традиционални вредности нека бидат предизвик на новото време, а мир во душата и доброто здравје да бидат меѓу нас до следното видување на денешен ден догодина“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Обезбедени 8 милиони денари за нови инфраструктурни проекти во Општина Зрновци, кои граѓаните ги очекуваат со децении…

Општина Зрновци информира дека, благодарение на Министерството за транспорт и врски и силната поддршка од Владата на Република Македонија, обезбедени се околу 8.000.000 денари за реализација на три нови витални проекти за унапредување на локалната патна инфраструктура. Проектите кои ќе се реализираат се: Целосна реконструкција на улиците „Илија Танев“ и „Димчо Петров“ во село Мородвис

Ѓорѓи од КПС „Осоговски Орел“ требаше денес да слави роденден – животот го загуби во несреќата во „Пулс“

Ѓорѓи, член на КПС „Осоговски Орел“, денеска требаше да го прослави својот роденеден. Но, тој животот го загуби на 16 март годинава во трагичната несреќа што се случи во дискотеката „Пулс“. Ѓорѓи беше активен спортист и препознатлив член на клубот, познат по својата посветеност на планинарењето и спортскиот живот. Оттаму велат дека бил пример за

„Патот на Илинденците“ во Кочани во чест на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“

Центарот на Кочани денес доби поинаква атмосфера со дефилето на коњаници од Битола, организирано во рамки на традиционалната манифестација „Патот на Илинденците“. Настанот, зад кој стои Здружението за развој на рурален туризам „Битолска коњаница Галоп“, оваа година доби и посебна симболика.   Во пресрет на одбележувањето на Илинден, дефилето беше посветено на жртвите од трагичниот