ООУ „Рампо Левката“ го одбележува месецот на книгата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Четвртооделенците од ООУ „Рампо Левката“ денес го одбележаа месецот на книгата преку средба со поетот и новинар Филип Димкоски која се случи во нивното училиште. Наставничката Бисера Вишиноска која е организатор на средбата, истакна дека ваквите настани им се потребни на децата затоа што на најдобар начин, преку интеракција им се доближува книгата, нејзината важност и значење.

Поетот Димкоски, на учениците на сите четвртооделенци од ова училиште и на нивните наставнички Елизабета Маркоска, Анета Мицеска и Анета Спасеска им го раскажа патот на книгата од ракопис, преку издавачка куќа и печатница, па до објавување и нејзино изложување во книжрниците и библиотеките. Им читаше песни од неговите книги „Заедно да растеме“, „Најхранливи зборови од детска душа дарови“ и „Овошје и зеленчук“, а во некои од изведбите ги вклучи и учениците кои рецитираа и драматизираа.

Беа спомнати и датумите во годината кои се поврзани со книгата, а со помош на децата заеднички учеа и за литературата, но и за медиумската писменост прославувајќи го јубилејот-80 години од објавата напрвиот македонски дневен весник Нова Македонија, кој првпат е испечатен на денешен ден, како и шеесет и шесте години од објавувањето на додатокот за деца „Колибри“, создаден од поетесата Евгенија Шуплинова која потекнува од прилепско Тополчани.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските Пратениците ќе бараат законски да не се увезува тутун додека не се откупи домашното производство

Прилепските пратениците најавуваат измени на Законот за тутун и производи од тутун. На средба со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, па објавија на Фејсбук , пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп – Петар Ристески, Билјана Кузманоска и Дејан Проданоски пишуваат дека договараат измени и дополнувања на Законот за тутун, за да не...

МВР бара 150 полицајци

Министерството за внатрешни работи објави јавен оглас за прием на 150 униформирани полициски службеници, кои ќе бидат распоредени во Секторот за внатрешни работи Скопје. Заинтересираните кандидати треба да имаат завршено четиригодишно средно образование, да се државјани на Република Северна Македонија и да не бидат постари од 25 години. Потребна е и...

Секогаш во интерес на спортот и младите- Комфи Ангел донираше 1.400 перници и 220 наддушеци за студенските домови во Скопје 

Компанијата Комфи Ангел, во соработка со Министерството за спорт, донираше 1.400 парa перници и 220 подлоги за јога за потребите на Европските олимписки младински игри – Скопје 2025 (EYOF Skopje 2025),  каде што ќе бидат сместени дел од учесниците на олимпијадата. А, со оваа донација, Комфи Ангел се вклучува во подготовките за еден од...