ООУ „Никола Карев“ – За нештата да бидат појасни

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

За нештата да бидат појасни

Почитувана јавност,денеска В.Д.Градоначалникот објави дека во ООУ,,Никола Карев”-Кочани имало низа неправилности и злоупотреби кои биле потврдени со вонредната финасиска контрола во училиштето.За да нештата бидат појасни и целата јавност ја дознае вистината еве каква е фактичката состојба во реалност:

1.Пред само неполни два месеци ,односно точно на 23.04.2025 во ООУ,,Никола Карев” беше спроведена вонредна финасиска ревизија за материјалното и финансово работење на училиштето од ревизор кој работи во Општина Кочани и еве што има констатирано:

-Сите сметководствени документи во училиштето се движат по одреден ред и тек,кој е пропишан со интерна пишана процедура и навремено евидетнтирање на сите документи согласно Правилникот за сметководство за буџетите и буџетските корисници -Влезните фактури уредно се заведуваат во деловникот и уредно се потпишани од Директорот и преку доставна книга уредно се доставуваат во книговодствено книжење -Сите финасиски трансакции се евидентирани,коректно и прецизно измерени. -Евидентираните парични трансакции соодветно се класифицирани и презентирани во финасиските документи во училиштето -Во сметководството се плаќа врз основ на фактури кои произлегуваат од склучени договори врз основа на спроведени јавни набавки

-Завршните сметки за ООУ,,Никола Карев”-Кочани за 2023 и 2024г.се навремено доставени до Централниот регистар и Државниот завод за ревизија и е запазена законската процедура за истата да биде претходно усвоена од Училишниот Одбор и по усвојувањето истата да биде доставена до Советот на Општина Кочани.

-Во ООУ,,Никола Карев”-Кочани има изготвено процедура за спроведување на јавна набавка.Училиштето рсполага со пишани интерни процедури со кои детално би се опишала секоја од видовите на постапки за спроведување на јавни набавки.

2.РЕВИЗИЈАТА УТВРДИ ДЕКА ПОСТАПКИТЕ СЕ ЦЕЛОСНО УСОГЛАСЕНИ СО БАРАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НБАВКИ Во прилог ќе видите дел од извештајот. По само неполн месец и половина истиот ревизор врши повторен вонреден надзор и половина од извештајот го повторува , но под силен притисок од В.Д Градоначалникот доставува друг извештај со игра на зборови за да се покаже дека Директорот на ООУ,,Никола Карев”-Кочани имал одредени неправилности во работењето и користи ноторни лаги и измислици бидејќи училиштето е дадено на извршител за долг до 30.06.2022г.кога има друг Директор на училиштето, а не сегашниот! -Дека ни биле давани средства за плаќање на сметки кон КЈП,,Водовод”Кочани ,а ние не сме ги подмирувале ,вистината е дека Општина Кочани секоја година ни доставува буџетска рамка во која ние мораме да се вклопиме, а не буџет кој реално е потребен на училиштата и сл. За сето ова имаме поднесено приговор на вториот извештај кој чудно се промени за 40 дена од претходниот!

-Во прилог документи за јавноста да види кој е најголем манипулатор дали В.Д Градоначалникот или Директорот на училиштето! -Кога немате идеи,креативност и се плашите од раководители кои знаат и умеат ова е единствен начин да дојдете до малку медиумско внимание!

Почитувана јавност , секогаш сме работеле транспаретно и отчетно, така ќе продолжиме и во иднина… Со почит

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се бара наместен стан за инајмување во Кочани

Се бара наместен стан за изнајмување во Кочани.Пожелно е станот да биде целосно опремен и подготвен за вселување.Локацијата не е строго определена, но предност има мирна населба со добра поврзаност. Контакт: 078/220 – 032

Учениците во ООУ „Славчо Стојменски“ – Виница второто полугодие го започнаа со новитет..

Учениците во ООУ „Славчо Стојменски“ второто полугодие го започнаа со прекрасен новитет – во функција е пуштен новоизградениот мини фитнес центар во рамки на училиштето. Центарот располага со две целосно опремени простории: едната со модерни и современи справи за теретана, а другата наменета за аеробик и пилатес активности. Со ова, еден дотогаш нефункционален простор е

Сладолед, кафе и смути на едно место: „Пингу“ започна со работа во Кочани

Денеска во Кочани беше отворено ново слатко катче „Пингу“, лоцирано на улицата „Димитар Влахов“ во населбата Стришани, веднаш до крушниот тек. Просториите беа отворени со благослов од храмот „Св. ВМЧ Георгиј“. „Пингу“ е првото и единствено слатко катче од ваков вид во Кочани и нуди богата и разновидна понуда од секаков вид кафе, смути, сладолед,