ООУ„ Климент Охридски“ од Облешево – Активности во пресрет на патрониот празник

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Изминативе денови во чест на патрониот празник, Основното училиште  „Св. Климент Охридски“ од Облешево реализираше повеќе активности.

Во соработка со невладината „Зелена Градба Асоцијација“,  со кои потпишавме меморандум за соработка и со учениците имаа Предновогодишна и Божиќна работилница на тема „Рециклирај ,Редуцирај, подари“. Во позитивна и убава атмосвера да се подигне свеста кај најмалите за потребата од заштита на животната средина , а прекрасните изработки ќе бидат дел од новогодишната магија пред претстојните најубави празници .

Во подготовките за патрониот празник на училиштето „Св.Климент Охридски“, талентираните ученици со подршка од своите врсници од соседните општински училишта „Страшо Пинџур“ – Соколарции,  „Синиша Стоилов“ –Зрновци и со менторство од наставниците по ликовно образование, холот на училиштето го претворија во ликовно ателје и твореа на тема „Иконопис и сликање на дрво и платно“.

Спортските екипи на трите училишта ја исполнија спортската сала во Облешево и преку спортски дух и навивање на најубав начин го најавија празникот што претстои.

Утрешниот ден е наменет за главниот настан, Отварање на спомен –биста на св.Климент Охридски во училишниот двор и свечена академија во чест на патронот на училиштето.

Отворена покана за сите кои сакаат да бидат дел од подготвената програма по тој повод, велат од ОУ „Св. Климент Охридски“ од Облешево.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен нов мултифункционален спортски терен во Соколарци – „Адријан и Иван“ во чест на трагично загинатите деца

Во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево, денеска беше пуштен во употреба нов мултифункционален спортски терен, наменет за спорт и рекреација на младите. Теренот симболично го пуштија во употреба градоначалникот Јорданче Костадинов и претставникот од Министерството за спорт, Илија Ристески. Реализацијата на проектот е со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија. Новиот спортски

Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани: Работите се менуваат…

Професионални пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците од Добрововолното противпожарно друштво-Кочани на 16 март 2025 година учествуваа во гаснењето на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Професионалците и доброволците сплотени и единствени спасија и голем дел од повредените млади луѓе. Една година по трагедијата во Кочани во која згаснаа 63 животи, а над 200