ООУ „Климент Охридски“ – Облешево: Честит Бадник и за многу години!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Честит Бадник, и за многу години!

Голем број на православни верници излегоа на улиците во Облешево да ја поздрават Бадниковата поворка ,која годинава за првпат во организација на ООУ Климент Охридски Облешево и свештениците од МПЦ поминаа, и со пеење на песната Вечниот Бог од грлата на дечињата пренесе пораки за мир и соживот во Христијанскиот свет. Денес во предвечерието на Најторжествениот и Најрадосен празник на православните верници -Христовото раѓање,да шириме пораки за љубов добрина и хуманост како темелни вредности на животот. Градоначалникот на општината Далибор Ангелов и директорот на училиштето Јорданчо Костадинов им посакаа искрени честитки за многу здравје среќа и топлина во душите на сите жители на општината и сите православни верници, а дечињата градоначалникот ги почести со пригодни подароци.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа – трибина за менталното здравје со д-р Бошко Томовски

В понеделник, 22 јуни 2026 година, со почеток во 12 часот, во дворот на ЈОУБ „Искра“ во Кочани ќе се одржи трибина на тема „Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа“. Гостин и предавач на настанот ќе биде д-р Бошко Томовски, специјалист невропсихијатар, кој со присутните ќе разговара за темите поврзани со стресот, стравот, внатрешната болка,

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи. Станот е со површина од 70 м² и се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби, дневна соба, кујна, бања и две тераси, од кои едната е затворена опремена со електрична и класична сушара за алишта. Станот е целосно опремен и подготвен за веднаш

„FREEDOMRUN Kochani 2026“привлекува сè поголем интерес – веќе пријавени 178 учесници

Подготовките за спортско-рекреативниот настан FREEDOMRUN Kochani 2026 се во полн ек, а интересот за учество постојано расте. Според организаторите, досега се регистрирани 178 учесници од Кочани, соседните градови и повеќе места низ државата. Меѓу пријавените има 118 мажи и 60 жени, што потврдува дека настанот привлекува учесници од различни возрасни групи и спортски профили. Организацискиот