ОО СДСМ Кочани, тивко и достоинствено ја одржа изборната конференција

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Членовите на ОО СДСМ Кочани вчера во МКЦ Кочани со почеток од 20ч. одржаа изборна општинска Конференција.
Со едноминутно молчење за трагично загинатите жртви во дискотеката “Пулс”, избор на работни тела и предлози за партиски органи се одржа општинската  конференцијата на која се избраа ИО и НО на ОО СДСМ Кочани.
Претседателот на ОО СДСМ Кочани, Игор Христов се заблагодари за укажата чест и доверба, а воедно и големата обврска да се раководи општинската организација. Но, сите  заедно, масовно, здружени и сплотени со нашиот социјалдемократски дух ќе се заложиме за надминување на тешкиот и трауматичен период за Кочани.
На изборната општинска конференција присуствуваше делегација од централното раководство со претседателот Венко Филипче. Во неговото обраќање искажа несебична поддршка, потенцирајќи дека не е  важен само социјалдемократскиот член туку секој поединец од Кочани и СДСМ во овој сензитивен период е со нас.

 

ОО СДСМ – Кочани

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Иницијатива за довршување и осветување на Соборниот храм „Св. Преображение“ во Кочани

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, започната е иницијатива за довршување и осветување на Соборниот храм „Св. Преображение“ во Кочани. Храмот се наоѓа во Стопанскиот двор, во близина на Детската градинка и фабриката „Руен“. Градежните работи започнале во далечната 2006 година, а доизградбата е финализирана во 2021 година. Денес, овој велелепен храм

Од 1 јули целосно се забранува движењето низ македонските шуми

Од 1 јули ќе стапи на сила забрана за движење во шумите и ќе важи најмалку до крајот на август. Иако оваа забрана се спроведува секое лето кога има високи температури, според надлежните, најголемата причина за шумските пожари е токму човечкиот фактор. Поради ова, секој што ќе мора да се движи во шумата за време

Желбата на Ице Андонов од Кочани го допре цело срце на Битола

Една искрена желба – да го донесе својот автомобил на првиот CAR SHOW во Битола – остана незаборавена. Иако животот сурово пресече, не дозволувајќи Ице Андонов од Кочани да биде физички присутен, неговиот дух, желбата и љубовта кон автомобилите беа посилни од времето и просторот. Денес, таа негова желба стана реалност. Благодарение на неговото семејство