ОО на СДСМ Прилеп: Со Проданоски и ДПМНЕ продолжува 4-годишната агонија на градот и населените места

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

– Отчетот на прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски за 100-те дена раководење со општина Прилеп го потврди она што прилепчани гласно го говорат, а тоа е дека со Проданоски и ДПМНЕ продолжува 4-годишната агонија и стагнирање на градот и населените места – истакнуваат во соопштението од ОО СДСМ – Прилеп.

“Вчерашниот отчет на прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски за 100-те дена раководење со општина Прилеп го потврди она што прилепчани гласно го говорат, а тоа е дека со Проданоски и ДПМНЕ продолжува 4-годишната агонија и стагнирање на градот и населените места! Или, како што велат нашите сограѓани – она што го започна Борче Јовчески, го продолжи Дејан Проданоски. А тоа е едно големо – НИШТО! Во време кога Прилеп назадува на дневно ниво а граѓаните се’ потешко се справуваат со сиромаштијата, градоначалникот кажуваше небулози од кои, од срам, им црвенееја образите на присутните во собраниската сала. Така, зборувајќи за поддршката на културата, Проданоски „заборави“ да кажи дека речиси цела година Прилеп е без театарска куќа, дека театарот „Војдан Чернодрински“ е затворен. Градоначалникот Проданоски без срам и перде зборуваше за инвестиции во спортот, без да спомене дека вратите на Универзална сала се закатанчени, дека сала „Македонија“ е надвор од употреба и дека спортската гордост на Прилеп, ФК „Победа“ е пред гаснење.

Зборуваше Проданоски и за економски развиен Прилеп, за грижа за младите, свесно замижувајќи пред фактот дека чаршијата тивко умира а младите забрзано го напуштаат градот. На вчерашната партиска збиранка во општинската зграда, прилепскиот градоначалник туѓите проекти ги прикажуваше за свои, истовремено промовирајќи и други за кои тој и локалната самоуправа немаат надлежност. Притоа, Проданоски не кажа ниту збор за ветените проекти од неговата листа на желби наречена „Изборна програма“. Не кажа кога ќе бидат готови обиколниците „Исток“ и „Запад“, новата детска градинка во УЗ „Рид“ и мултифункционалната сала со 2.000 седишта на местото од „Соколана“. Не кажа што се случува со изградбата на излетничкиот центар од 30.000 квадратни метри кај село Волково, со трговскиот центар со забавен парк кај поранешен „Металец“, со пешачките и велосипедските патеки и новите содржини на спортско-рекреативниот центар „Вештачко езеро“, со адреналинскиот парк кај Старо Лагово.

Прилепчани и жителите на населените места останаа без информации за реконструкцијата на Работничкиот универзитет и отворањето на конгресниот центар, за новите улици во населбата „Градина“, за реконструкцијата и проширувањето на локалните патишта Тополчани-Канатларци, Тополчани-Тројкрсти-Чепигово, Беловодица-Дрен, Ореовец-Крстец, Бешиште-Полчиште. Проданоски не кажа ништо ниту за пропаѓањето на јавните претпријатија, катастрофалната состојба на градската инфраструктура, за раскопаните улици потонати во мрак, за глутниците кучиња скитници.После Борче Јовчески – Дејан Проданоски. Или што би рекле прилепчани: Од дрвено, на камено!„ стои во соопштенито на ОО на СДСМ-Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Михајлов: Ако згасне Победа поголем срам за Прилеп од ова – нема да има! 

Бардот на македонското спортско новинарство, почитувач и вљубеник на прилепскиот фудбал и Победа – Зоран Михајлов, деновиве е актуелен по своите заложби за спас на ФК Победа. По низата информации периодов, а особено по денешната прес конференција на Градскиот стадион во Прилеп и во просториите на клубот,  Михајлов за Радио...

(ВИДЕО) „Бродот“ ФК Победа се’уште не е потонат!!!

На ден пред почетокот од пролетната сезона во Втората фудбалска лига, во ФК Победа лебди прашањето– ДА СЕ БИДЕ ИЛИ НЕ?! Актуелните мнозински сопственици на АД ФК Победа Прилеп се откажуваат од акциите и бараат раководењето да го преземе Општината. Клубот е во милионски долгови, половина од играчите го напуштија...

Николоски: На скопскиот и охридскио аеродром поминале над 3,5 милиони патници

На отчетот на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во Прилеп, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на новинарско прашање посочи дека Македонија има нови 23 директни летови, а минатата година на охридскиот и скопскиот аеродром поминале над 3,5 милиони патници,што е голем за Македонија. Оваа година скопскиот аеродром се...