Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Покрај телефонското закажување термин за сликање за лични документи, МВР информира и потсетува дека функционира и онлајн закажување термин за граѓаните во Македонија и во дијаспората:

Министерството за внатрешни работи овозможи онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта: https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request

Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7000 закажани термини месечно, а во текот на 2025 има над 4000 термини месечно или во просек речиси по 200 закажани термини на ден преку овој сервис. Дополнително, ве информираме дека закажувањето термин преку редовните телефонски линии функционира беспрекорно и термин за редовна постапка се добива за еден ден.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Сеуште активен пожарот кај Плетвар меѓу селата Беловодица и Лениште

Изминатото деноноќие на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од 27 пожари, осум се сеуште активни, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни  пожари на отворено има и на територија на општините Прилеп и Долнени. Огнената стихија која веќе трет ден беснее помеѓу селата Беловодица...

Прилепско активни два пожари, во Јасен ветрот ја влошува состојбата

Според информациите од Центарот за управување со кризи денеска, 21 ви август, до 18 часот на територијата на Македонија  има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, 1 под контрола и 12 изгаснати. Од седумте активни два се во прилепско: с. Беловодица – место викано Ливада...

Започна Меморијалниот ракометен турнир Миле Нешкоски

Јубилејниот 10 ти по ред Меморијален ракометен меѓународен турнир „Миле Нешкоски“ беше отворен денеска традиоцнално со положување цвеќе пред споменикот од прерано починатиот ракометар,  на платото пред Универзалната сала во Прилеп. Во знак на почит и спомен за прилепскиот ракометар на Тутунски Комбинат и репрезентативец со едноминутното молчење присутните се...