Вечерва во амфитеатарот во Варош, во присуство на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ОК на ВМРО ДПМНЕ-Прилеп, одбележаа 35 години од формирањето.
Пред членството и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои говореше за активностите на Владата што ја предводи ВМРО ДПМНЕ во овие 14 месеци, за предизвиците со кои се соочува државата, но не заборави да потсети дека „еден од основните фундаменти на ВМРО ДПМНЕ е токму ОК на ВМРО ДПМНЕ-Прилеп. Ви благодарам за сè што правите денеска во Прилеп. Сите овие години го чувате како бедем светото име ВМРО и го носите на пиедестал. Затоа ви благодарам за сите победи и знам дека од Прилеп, градот на бројните револуционери, ќе произлезат уште поголеми успеси и победи, за Прилеп, за Македонија!.“ рече тој пред присутните.
За важноста на постоењето на оваа партија како политички субјект во Прилеп говореше и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Прилеп, Дејан Проданоски кој посочи дека токму овој состав на Општинскиот комитет посветил најмногу внимание на интеграцијата на членството и на консолидирање на редовите во партијата „што овозможи постигнување на сериозни резултати на претходните изборни циклуси.“, рече тој
На прославата на 35 години од формирањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп, присуствуваше и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик министерската за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и други еминентни членови и симпатизери на партијата