ОК на ВМРО ДПМНЕ на пресс со ставови за кандидатот за градоначалник на СДСМ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како што се доближува рокот за одржување на локалните изобри, така расте и бројот на прес конференции на политчките партии и меѓусебните обвинувања. Денеска,Христијан Тунески од  ОК на ВМРО ДПМНЕ одржа прес конференција насочена кон кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Петра Лукароска

Денес повторно сме сведоци на обидите на СДСМ и нивниот кандидат Петра Лукароска да ја замајуваат јавноста со празни флоскули и безначајни обвинувања. Очигледно е – како што се ближат локалните избори, така расте паниката во нивните редови. Затоа Петра секојдневно држи прес-конференции без суштина, во обид да го ублажи катастрофалниот пораз што ѝ претстои на СДСМ. Да потсетиме – не така одамна, Лукароска беше директор на средно општинско училиште. Мандат кој нема со што да се пофали. Напротив – го следат скандали, незаконитости и сомнителни финансиски трансакции. Сè уште им должи одговор на прилепчани: Како со завршено високо образование од 180 кредити и втор циклус стручни студии со 60 кредити за работа во здравство, наместо со 240 кредити како што бара законот, успеа да се пријави и положи директорски испит? Како во 2021 година без јавни набавки потрошила 1.462.888 денари – односно 23.787 евра, што е за 11.787 евра над законскиот праг? Како и во 2022 година без јавни набавки потрошила 15.410 евра – повторно над лимитот? И најважно: како неполн месец пред разрешувањето, во три наврати извадила по 250.000 денари од сметките од Еразмус – без фактури, без фискални, без покритие? Каде завршија тие пари? Почитувани, ова е вистинското лице на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп – лице со мандат обележан со хаос, сомнителни исплати и непочитување на законот. Апсурдно е човек кој не успеал да менаџира едно училиште, да бара доверба да води цел град. Времето на СДСМ заврши! Македонија оди напред, Прилеп оди напред – со чесно, одговорно и домаќинско работење на ВМРО-ДПМНЕ. Нашата цел е развој, инвестиции и подобар живот за сите граѓани,рече тој!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: