Охриѓани ја покажаа хуманоста на дело, голем одзив на трката „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ученици и студенти, родители и наставници, вработени во јавните претпријатија и Општина Охрид ја покажаа хуманоста на дело. Преку 500 учесници беа дел од денешната хуманитарна трка „Од срце трчај со срце дарувај за Кочани“ во организација на СОСУ „Св. Кирил и Методиј”-Охрид во соработка со ЈП “Билјанини извори”-Охрид.

Директорот на училиштето, Ристе Јанкоски, вели ваков спортски настан организираат втора година со ред, но годинава помасовен и со хуманитарна цел за настраданите во Кочани.
Претходната година направивме еден мал спортски настан во нашето училиште заедно со ЈП „Билјанини Извори“ каде учествуваа само ученици од нашето училиште, а оваа година организираме поголем настан со ученици од сите училишта. Направивме една хуманитарна трка и сите средства кои ќе бидат собрани ќе се донираат за семејствата на повредените во несреќата во Кочани. Имаме две категории во трката. Учествуваат ученици и студенти и родители и наставници. Има повеќе од 500 пријавени. Целта е да бидеме хумани, па во таа насока на целата патека се поставени кутии за собирање на средства кои ќе се донираат. Средствата ќе бидат уплатени на здружението во Кочани кое е за поддршка на повредените, вели Јанкоски.

Воедно, Јанкоски, изрази и благодарност до сите вклучени во организацијата и реализацијата на хуманитарната трка, потенцирајќи ги при тоа заложбите на голем број деца и волонтери.

Ученичката Теодора Митреска која беше вклучена во организација на хуманитарната трка, но и како учесник во истата, вели целта била да ја покажат хуманоста и колку можат да даруваат за нивните другари од Кочани.

Заинтересираноста за учество на трката беше на виско ниво, се потрудивме настанот да биде организиран по сите прописи и стандарди. Се надевам дека ќе имаме повеќе вакви настани и ќе ја покажеме нашата хуманост повторно, истакна Митреска.

Пред почетокот на трката претходеше загревање на учесници, а истите имаа можност да ја проследат и показната вежба на тимот за прва помош. На вежбата беше потенцирана важноста на поединецот за пружање на прва помош во првиот момент по несреќата во насока на спасување на животи.

Трката се одвиваше на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор’’ до „Куба Либре“ во должина од 3 км.

Фото: A. Mомировска

Извор: Ohridnews.com

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

СОУ „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник

Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник. По повод 106-годишнината од раѓањето и 82-годишнината од смртта на Викентиев, повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор. По повод празникот на кочанското техничкото училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици. Ученик на генерацијата 2022 – 2026 е Матеа Саздова, која

ДПД – Кочани утре учествува на Меѓународниот противпожарен натпревар „МАРЧАНА ФИРЕ“

Утре, 18 април, сабота, членовите на ДПД – Кочани ќе учествуваат Меѓународниот противпожарен натпревар „МАРЧАНА ФИРЕ“.  Оваа година на натпреварот учествуваат 15 противпожарни екипи од Хрватска, Словенија, Србија и  Македонија, кои ќе имаат можност да ги покажат своите вештини и снаодливост преку низа барачки вежби. Натпреварот, утре треба да започне во 12 часот во Ракљ,

Трипуновски: Откупени над 10.000 тони оризова арпа – институциите го следат процесот во кочанско

 Откупот на оризовата арпа од минатогодишната реколта во кочанскиот регион се одвива континуирано, а досега се преземени над 10.000 тони, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Тој посочи дека и покрај временските неприлики и задоцнетата жетва, процесот се следи внимателно, со цел да се заштитат оризопроизводителите. Го следиме откупот и сакам да