Ограбен манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во општина Кривогаштани, крадецот „фатен на камера“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 23 април, бил ограбен манастриот Свети Успение на Пресвета Богородица во атарот на село Обршани, Oпштина Кривогаштани. За ова обзнани црковниот одбор на социјалните мрежи. На објавена снимка од сигурносните камери се гледа како лице отвора фиока од биро, која ја зема и бега. Човекот носи качулка за да го прикрие ликот и ракавици за да не остави отпечатоци. Кражбата се случила вчера три часа по полноќ, кога грабежот е снимен.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...