Почитувани како што претходно најавивме во врска со катастрофалниот пожар повремено ќе ја известуваме јавноста со нови и значајни информации.
Сите што беа повредени и хоспитализирани се пуштени дома и се чувствуваат добро. Еден од пожарникарите останува и вечерва хоспитализиран и неговата состојба е добра и се следи од здравствените служби и од тимот за грижа на Макпрогрес.
Кон крајот на месец Септември, Макпрогрес ќе организира настан за благодарност и солидарност каде ќе им укаже признанија на сите херои инволвирани во интервенцијата за гасење на пожарот.
Надлежните институции интензивно работат на проценки за причините и последиците од пожарот и повторно апелираме да се почекаат на официјалните известувања од надлежните органи.
Нашиот кризен штаб ги прави сите неопходни активности за да од понеделник 15.09.2025 година сите останати фабричките капацитети освен опожарените да бидат пуштени во редовна работа. Како сопственици и менаџмент секогаш сме биле поткрепа и поддршка за нашите вработени. Денес сите вработени на Макпрогрес се сплотија и обединија во една визија, мотивација и желба за реобнова и повторно издигање на фабриката и почнаа со работа на средување, чистење и дезинфекција на производните капацитети како би можеле од понеделник да започнат со редовно производство. Ја информираме јавноста дека успеавме да се реорганизираме со производните можности и дека од следната недела сите наши производи ќе ги има во достапни количини освен категориите Наполитан вафли и вафел барови Премиер, Вафрета и Алми за кои сеуште бараме можности како најбрзо би можеле да ги вративме во производство и на пазарите.
Бескрајно сме благодарни на целата јавност за повиците на социјалните мрежи за поддршка на Макпрогрес и иницијативите за поддршка на компанијата преку купување на нашите производи од индивидуалци, инфлуенсери, истакнати личности, како и за огромната поддршка од Стопанската Комора, нашите клиенти, соработници, партнери како и целата бизнис заедница како и владата и повеќето институции. За нас овој амбиент на поддршка е силно мотивирачки да опстоиме во намерите да ја подигнеме Винчини во уште помодерна и поуспешна домашна индустрија.
Денес извршивме трајно намалување од 10% на цените на 114 производи од брендовите Роки Винчини, Сончева Долина, Натура и Фантазија, како и акциско намалување на 12 производи од Винчини во висина од 10% за време на месец септември. Во следниве денови ова намалување треба да биде видливо во малопродажната мрежа. За Макпрогрес периодот што следи е период на опстанок на работните места и овие намалувања на цените се допринос кон вработените и нашите потрошувачи кои ни ја даваат неизмерната поддршка.
Денес отпочнавме со преговори за набавка на машини и опрема од неколку светски реномирани производители и во наредниот период очекуваме да потпишеме договори за набавка на опрема со цел обнова на фабричките капацитети.
За утрешниот ден четврток е планирано да потпишеме договор за кредитно задолжување со цел отпочнување на ре-обнова на производните капацитети. Во понатамошниот период ќе следи и дополнително задолжување за набавка на машини и опрема за фабриката.
Во Петок во Стопанската комора ќе имаме средба со водечките ланци на маркети и пошироката бизнис заедница како би го презентирале нашиот план за ре-обнова и ќе дискутираме за можностите за поддршка од страна на малопродажбата во насока на поттикнување на поголема продажба на производите на Макпрогрес но и обратно како Макпрогрес да се вклучи во зголемување на соработката со маркетите а со цел задржување на сите работните места и задржување на животниот стандард на вработените.
И понатаму додека трае кризниот период ќе ја известуваме јавноста транспарентно и отчетно,
Од име на сите вработени во Макпрогрес,
Ви благодариме од срце,
Глигор Цветанов
Александар Цветанов
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









