Одбраната не дозволува повлекување на трауматизирани сведоци, следуваат психијатриски вештачења

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ниту еден од шестемина предложени сведоци на Јавното обвинителство не се појави на  рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 220 беа повредени.

Отсуството на сведоците беше образложено со различни причини – двајца одбиле да сведочат поради тоа што не можат повторно да ја преживуваат кобната ноќ, со двајца обвинителството не успеало да стапи во контакт, еден се наоѓа на студии во странство, а еден е недостапен за органите на прогон.

Судењето повторно беше обележано со тензии, откако одбраната на обвинетите не дозволи повлекување на дел од сведоците, иако обвинителството побара тоа да се направи поради нивната тешка психофизичка состојба.

Во судницата беа прочитани и лекарски извештаи за нивната состојба.

Одбраната веќе неколку рочишта по ред се спротивставува на ваквите барања и инсистира сведоците да се појават пред судот. Според адвокатите, акутниот стрес и физичките повреди не се доволна причина за непојавување, туку само потешки дијагнози како шизофренија или деменција.

„Дали имале душевно заболување и кога го давале исказот во истрагата? Како тогаш немале растројство? И обвинетите се под стрес, па сепак доаѓаат на судење“, реагираа адвокатите, одбивајќи да дадат согласност за повлекување на дел од сведоците.

Поради ваквата состојба, обвинителството најави ангажирање на вешти лица од областа на психијатријата, кои треба да ја проценат моменталната психичка состојба на сведоците и нивната способност да сведочат.

Врз основа на тие наоди, судот ќе одлучува дали ќе се применат законските одредби за читање на нивните претходни искази.

Судот веќе донесе одлука да се извршат психијатриски вештачења за сведоците Ана Томева и Лина Крстова, со цел да се утврди дали тие можат повторно да сведочат или нивните искази од истрагата ќе бидат прочитани во судница.

Во меѓувреме, за сведоците Александра Пепеларовска и Теа Ѓорѓиевска, со кои обвинителството не успеало да воспостави контакт, судот прифати да бидат испратени покани на адресите наведени во доказниот материјал.

За сведокот Дарио Трифунов беше соопштено дека се наоѓа во Бугарија, каде студира на засега непозната адреса, по што судот ќе побара дополнителна проверка за неговата достапност.

На рочиштето беше прочитан и исказот на Денис Даутовски, поранешен член на екипата на бендот ДНК, кој не е достапен на органите на прогон.

Во исказот се опишува начинот на поставување и активирање на пиротехничките средства во дискотеката. Според неговото сведочење, за дел од опремата бил задолжен сега починатиот Филип Стевановски, додека пиротехничките прскалки биле набавувани и поставувани од повеќе лица, а се активирале со едно далечинско управување.

Даутовски посочил дека нивната употреба била позната при организацијата на настапите, но не знае дали била пријавена кај надлежните институции.

Револт од случувањата во судницата изразија и родителите на загинатите, кои го следат процесот.

Тие оценија дека инсистирањето на одбраната е нечовечно и претставува обид за опструирање и одолговлекување на правдата. Судењето продолжува на 22 април со очекувања да се обезбедат сведоците.

Извор: Вечер Прес

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Комуналните претпријатија во Виница и Кочани дел од петгодишен проект за модернизација и ефикасност

Јавните комунални претпријатија во Виница, Кочани и Берово ќе бидат опфатени со нов петгодишен регионален проект насочен кон зајакнување на нивната ефикасност, отпорност и финансиска стабилност. Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“ е поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со грант од 6,5 милиони швајцарски франци

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува