Одбележана годишнината од смртта на Ченто

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Делегација од Советот на Општината Прилеп, заедно со Градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески, пратеници, преставници на политички партии и преставници од Здружението на Сојуз на борци подржувачи на НОБ , се поклонија и му одадоа почит на големиот македонски патриот, борец и прв претседател на Президиумот на АСНОМ — Методија Андонов-Ченто, по повод 68 година од неговата смрт.

Со положивње свежо цвеќе пред неговиот споменик во центарот на Прилеп — во знак на вечна благодарност за неговата бескомпромисна борба за слобода, правда и самостојна Македонија, тие се потсетија  на жртвата што ја поднесе Ченто, воден исклучиво од љубовта кон својот народ и татковина.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: