Одбележан празникот Св. Архангел Михаил во Стришани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жителите на населбата Стришани во Кочани со голема почит и духовност го одбележаа празникот посветен на Св. Архангел Михаил.

Кај Стришанската чешма, која претставува центар на собирот, се одржа света богослужба на која присуствуваа верници од населбата и околината.

Празникот е длабоко вкоренет во традицијата на оваа населба и претставува можност за обединување на верниците.

По богослужбата, собирот продолжи со заедничко дружење, кое создаде топла и пријателска атмосфера меѓу присутните. Годишен кум беше Димче Андонов, а за наредната се Бети Денков и Миле Минов.

Св. Архангел Михаил, кој се смета за заштитник и духовен војвода, за верниците од Стришани претставува инспирација за борба против животните предизвици. Годишното одбележување на неговиот празник ја покажува силната поврзаност на оваа заедница со духовните вредности и традициите.

Овој настан и годинава ја потврди важноста на празникот како момент за духовно зацврстување и јакнење на меѓусебните односи меѓу жителите.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео