Од вечерва од 23 часот програмата на „Радио Кочани“ е во прекин. Причината не е ни малку наивна

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од вечерва од 23 часот програмата на „Радио Кочани“ е во прекин. Причината не е ни малку наивна.

Спомен домот „Асном“ во чии простории веќе околу 35 години функционира единствениот кочански радио медиум од вечерва тотално е во мрак. Исклучена е и единствената светла точка во овој огромен објект напуштен од сите и оставен на забот на времето. „Радио Кочани“ досега колку-толку успеваше да се справи со силните проблеми од соседите кои, (ако така може да се каже) „живеат“ во непосредна близина во супстандардни услови.

Додека во руинирана зграда на старата кочанска касарна имаше какво такво напојување со електрична енергија ние како медиум бевме мирни барем во тој сегмент. Деновиве сепак беше донесена одлука да им се прекине струјата на соседите па веднаш се впуштија во акција да си обезбедат електрична енергија.

Имено, пред четири вечери, голема група од петнаесетина возрасни мажи со употреба на скали се обидоа да се приклучат на каблите и напојувањето токму од „Радио Кочани“. Сепак, со наша брза интервенција заедно со дежурната екипа од кочанската полиција, успеавме да ги спречиме во таа луда намера.

Вечерва не!
Истата таа група наши соседи успеала да приклучи дополнителни кабли на напојувањето на електричното броило на „Радио Кочани“ и да направи тотален прекин.

Се обидовме да го промениме главниот осигурувач кој беше врел поради преголемото оптоварување, но тој во истата секунда се исклучуваше. Поради тоа остануваме без напојување со електрична енергија, а програмата на „Радио Кочани“ ќе биде во прекин се до првата интервенција на професионални електричари.

До кога вака ќе живееме во неизвесност и ние и нашите соседи, за кои исто така е потребно да се најде брзо и вистинско решение на овие минусни температури, зависи од повеќе фактори.

Во меѓувреме како и досега „Радио Кочани“ ќе биде колатерална штета.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео