Од вчера до денес – палењето гуми не е само незаконско тоа е чин на еколошко насилство

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Елизабета Филипоска /новинар/

Време е да се запрашаме: во какво општество сакаме да живееме? Дали ќе бидеме дел од решението или дел од проблемот? Природата нема втора шанса, а ниту ние.

Не помина ниту еден ден од повикот на локалните власти „да се грижиме и ја чуваме животната средина“ веднаш, утрово, сме сведоци на парадоксални сцени од нашето секојдневие кон природата.

Млади дечки, прилепчани, кои утрово при прошетка во прилепската околина, која е прекрасна овој ден ги направија овие фотографии, каде горат запалени автомобилски гуми, а црниот чад се кренел до горе на небото, создавајќи непријатна миризба и загадувајќи го воздухот. (Фотографиите се направени од Топташ). Совесните млади луѓе веднаш пријавиле во прилепската полиција. Сега, останува случајот да биде решен и да се започне со казнените одредби кон загадувачите.

И, додека едни во еко акции ја чистеа околината од отпад, други денеска, кај с. Лениште во близина на манастирот Св. Петка, садат садници за повеќе „бели дробови“ во прилепската околина, трети немаат ни грам совест за она „што значи грижа за природата“ – токму во ова време кога климатските промени прават во зима да се чувствуваме како пролет, во лето како во Африка, додека есента и пролетта да ги нема, реките да се сушат, шумите да горат, земјата да нема дожд …

Од прилепското 24 часовно секојдневиe, овие две слики – едната исполнета со надеж, другата со негрижа – ја отсликуваат длабоката поделба во свеста за животната средина кај нашите граѓани. Од една страна, млади луѓе, ученици и активисти, со лопати и садници во раце, се борат за почиста иднина,  други собираат отпад а од друга страна, несовесни поединци, без страв од санкции, продолжуваат да ја трујат природата и воздухот што сите го дишеме.

Палењето гуми не е само незаконско – тоа е чин на еколошко насилство. Со секоја запалена гума, во воздухот се испуштаат канцерогени честички, тешки метали и токсини кои директно влијаат врз здравјето на луѓето, особено децата и постарите лица. И покрај тоа, институциите ретко реагираат навреме, а казните се минимални или целосно изостануваат.

Одговорноста не е само на поединците, туку и на системот. Недостигот од ефикасна контрола, едукација и санкционирање создава амбиент во кој ваквите деструктивни практики се нормализираат, а загадувачите остануваат неказнети.

Време е да се запрашаме: во какво општество сакаме да живееме? Дали ќе бидеме дел од решението или дел од проблемот? Природата нема втора шанса, а ниту ние.

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...

РОМАН слави успешни 3 години редовна автобуска линија за удобен превоз за секој патник.

Прилеп – Велес – Скопје и Скопје – Велес – Прилеп, РОМАН слави три години редовна автобуска линија на овие релации. Редовно сообраќаат од понеделник до недела, а линијата од 6, 30 и 9,30 часот оди и до државна болница – Скопје, што им овозможува на патниците-пациенти безбедно, точно, навремено и без барање на друг превоз, да...

Испиша историја! Злато за прилепчанецот Белостојаноски на ЕП во карате

Матеј Белистојаноски е европски првак во карате. Прилепскиот каратист, Матеј Белистојаноски ја освои титулата европски шампион на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува во Лимасол, Кипар. Во финалето Белистојаноски беше подобар од грчкиот натпреварувач Георгиос Балиотис, кого го совлада со резултат 2-0. Со сигурен и убедлив...